Свет
Вооружен маж уби тројца соседи и рани двајца полицајци во Австралија
Вооружен маж во главниот град на јужна Австралија, Аделејд уби тројца соседи и рани двајца полицајци, соопшти полицијата.
Вооружен маж во главниот град на јужна Австралија, Аделејд уби тројца соседи и рани двајца полицајци, соопшти полицијата.
Полицијата успеа да го уапси 39-годишниот напаѓач, кој се криел во куќата седум часа со непознат број на оружје, пренесува АП.
Во соседната куќа се пронајдени телата на една жена и двајца мажи, додека еден младич е повреден во текот на пукањето, изјави заменик командантот на полицијата.
Напаѓачот отвори оган на полицијата, која дошла на повик упатен од куќата. Тој пукал во главата на еден полицаец, додека другиот се здобил со полесни повреди на колената.
Напаѓачот е обвинет за три убиства и еден обид за убиство, а максималната казна која му се заканува е доживотна робија./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

