Свет
ОН за слобода на медиумите насекаде во светот
Обединетите нации (ОН), по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги повикаа сите држави да се обединат и заедно со светската организација да ја пропагираат слободата на сите медиуми, се наведува во пораката која е објавена на официјалните страници на ОН.
Обединетите нации (ОН), по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги повикаа сите држави да се обединат и заедно со светската организација да ја пропагираат слободата на сите медиуми, се наведува во пораката која е објавена на официјалните страници на ОН. Светскиот ден на слободните медиуми, кој се обележува на 3 мај, е воведен од група новинари кои пред дваесет години се собраа во Виндхоек, во Намибија, со една единствена цел – заштита на основните права на слободниот печат.„Дваесет години по Виндхоек секојдневните настани покажуваат дека заложбите за слободата на изразување е поважно од кога и да е“, рекоа во заедничката порака генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, Високиот претставник на ОН за човекови права, Нави Пилај и главната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова. Во изминатите десет години повеќе од 500 новинари загинаа извршувајќи ја својата работна задача. Само во минатата година загинаа 60 новинари, а секојдневно се` повеќе новинари и блогери се жалат дека насилство и закани.„Кршењето на основните човекови права не може да мине неказнето. Државните власти мораат да сторат се` што е во нивна моќ како би ја заштитиле безбедноста на новинарите. Никогаш не смееме да ја заборавиме храброста на новинарите кои со живот го платиле нашето право на информација“, се наведува во заедничката порака. Овогодишното мото на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Медиумите во 21 век: нови граници, нови пречки“, а едно од главните прашања е гарантирање на слободното изразување на интернет. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

