Свет
Девет загинати во сообраќајна несреќа на Филипините
Девет лица загинаа, а 53 се повредени кога камион кој превезувал работници на една плантажа со палми, паднал во бездна, соопшти филипинска армија.
Девет лица загинаа, а 53 се повредени кога камион кој превезувал работници на една плантажа со палми, паднал во бездна, соопшти филипинска армија. Портпаролот на војската, Еугенио Хулио Осаис, изјави дека војниците помагале во спасувањето на повредените, пренесуваат светските агенции. Несреќата се случила во градот Опол, во провинцијата Мисамис Ориентал. Причините за несреќата засега не се познати. Голем број на сообраќајните несреќи на Филипините се случуваат поради лошите патишта, старите возила и неадекватната обука на возачите. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

