Свет
Во Ирак 10 шиитски и седум сунитски жртви
Сунитски имам и неговото семејство и уште четири сунити се убиени денеска во централен Ирак, неколку часа по самоубиствениот напад врз шиитска џамија во кој имаше десет жртви, соопштуваат воени и медицински извори
Во петокот рано во мугрите вооружени мажи влегле во куќата на Башир Мутлак во селото Имама Ваису, го убиле имамот, неговата жена и 11-годишната ќерка, соопштија претставници на ирачката армија и лекари од болницата во Бакуба, главен град на ирачката покраина Дијала.Група вооружени мажи во полициски униформи во вториот напад денеска убија четворица браќа сунити на возраст од 20 до 35 години, соопшти офицер на ирачката војска за AFP. Напаѓачите влегле во куќата, ги одвоиле мажите од жените, сестрите и мајката, и ги застрелале. Овие убиства се случија неколку часови откако во четвртокот навечер самоубиец ја активираше експлозивната направа во џамијата во Баладруза при што загинаа најмалку десет лица, а беа ранети повеќе до 30 шиитски аџии. Покраината Дијала е поранешно упориште на Ал Каеда и во неа владеат најжестоките етнички и верски тензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

