Свет
Најголем број на жртви на торнадо од 1932. година
Американските власти соопштуваат дека бројот на жртвите од торнадата на југот на САД денеска се искачи на 318, што значи дека торнадата се најсмртоносни од 30-сетите години на минатиот век.
Американските власти соопштуваат дека бројот на жртвите од торнадата на југот на САД денеска се искачи на 318, што значи дека торнадата се најсмртоносни од 30-сетите години на минатиот век. Алабама од средата се најде на удар на неколку разорни бури. Властите денеска го зголемија бројот на потврдени жртви на 228. Повеќе од 30 луѓе го загубија животот во градот Таскалуса, во централна Алабама, пренесува Асошиејтед прес. Во март 1932. година 332 луѓе загинаа од торнадо, а сите жртви биле во Алабама. Во април 1974. година серија торнада усмрти 315 луѓе во 11 сојузни држави на САД. Најголем забележан број на настрадани од торнадо во САД е на 18. март 1925. година. Тогаш 747 луѓе загинаа од невремето во Мисури, Илиноис и Индијана. Само едно торнадо тогаш уништи појас во должина од 352 километри, убивајќи 695 луѓе. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

