Свет
Путин со критики до Јапонија за бавната реакција врз Фукушима
Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја критикуваше Јапонија во врска со нејзината бавна реакција врз нуклеарната катастрофа во Фукушима и во врска со изградбата на нуклеарни реактори на трусни подрачја.
Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја критикуваше Јапонија во врска со нејзината бавна реакција врз нуклеарната катастрофа во Фукушима и во врска со изградбата на нуклеарни реактори на трусни подрачја.Путин учествува на состанокот на руската нуклеарна индустрија во градот Пенза, 630 километри јужно од Москва.Јапонскиот нуклеарен реактор Фукушима, најпрво го погодија силен земјотрес и цунами на 11 март што ја предизвика најголемата нуклеарна криза по Чернобил во 1986 година.Рускиот премиер оцени дека главната грешка на Јапонија е што стручњаците на време не ги пронајдоа и доопремија резервните извори на енергија, потребни за ладење на централата.Јапонците ги вклучија резервните генератори кои потоа ги погоди цунами и ги уништи, рече Путин, при тоа истакнувајќи дека „требало навреме да се вклучат преносните извори на енергија од другите делови на земјата, а проблемите настанале бидејќи не го сториле тоа“.Путин во прашање ја доведува и јапонската одлука за изградба на нуклеарни централи во области кои се особено изложени на ризици од земјотрес.„Што се однесува до Јапонците, тие се во посебна ситуација. Не знам зошто, тоа е нивна одлука, но градат реактори во сеизмолошки опасни зони“ – рече Путин.За разлика од јапонските, тој истакна дека руските нуклеарни реактори работат три дена без надворешни извори за снабдување со струја, што е доволно за да се преземат потребните мерки. Тој потсети дека Русија планира да го зголеми влијанието на атомската и вкупната енергија од сегашните 16 на 25 отсто. крај/хина/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.