Свет
Камерон: Ликвидацијата на конкретни личности во Либија не е задача на НАТО
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска изјави дека НАТО при извршување на воената операција во Либија не си поставила за цел уништување на „конкретни личности“, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска изјави дека НАТО при извршување на воената операција во Либија не си поставила за цел уништување на „конкретни личности“, пренесува „Ројтерс“. Најмладиот од седумте синови на либискиот водач Моамер ел-Гадафи, Саиф ал-Араб загина во ноќешното бомбардирање на воздушните сили на НАТО на резиденцијалниот комплекс Баб ал-Азизија. „Политиката на НАТО во однос на селектирањето цели е апсолутно јасна. Таа соодветствува со резолуцијата на Обединетите нации – 1973, за одвраќање од гинење на цивилите, за што се нанесуваат удари врз воената машинерија на Гадафи, односно што е очигледно врз тенковите, ракетните системи, но исто така и врз командно-контролните центри“, изјави британскиот премиер. Претходно денеска со идентична изјава се огласи и генерал-потполковникот Шарл Бушар, кој командува со операцијата на Алијансата во Либија под име „Обединет заштитник“. Според официјалниот претставник на либиските власти, Муса Ибрахим, во време на нападот на авионите на НАТО, Гадафи и неговата сопруга се наоѓале во домот на нивниот 29-годишен син Саиф ал-Араб, куќата била погодена со најмалку еден проектил при што загинале и три внуци на либискиот водач и повеќе нивни роднини и соседи. Претходно во саботата, за време на утринското телевизиско обраќање на Гадафи кој повика на примирје со услов да престанат бомбардирањата на Алијансата, воздухопловните сили на НАТО ја бомбардираа областа во близина на зградата на либиската телевизија во Триполи. Веднаш по завршувањето на емитувањето на обраќањето на либискиот лидер, либиската државна телевизија објави дека во текот на емитувањето во напад на воздухопловните сили на НАТО била уништена една зграда во близина на либиската телевизија што беше коментирано како „обид за атентат врз лидерот на револуцијата.“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

