Свет
САД: Посмртните останки на Бин Ладен фрлени во море

Убиениот терористички водич на организацијата Ал Каеда, Осама бин Ладен е погребан во море, изјави денеска еден американски претставник.
Убиениот терористички водич на организацијата Ал Каеда, Осама бин Ладен е погребан во море, изјави денеска еден американски претставник. Откако Бин Ладен бил убиен во акцијата на американските војници во Пакистан, американските официјални лица изјавија дека телото ќе биде погребано во согласност со муслиманската традиција и пракса. Муслиманската традиција налага телото да се погреба во наредните 24 часа од моментот на смртта, изјави еден американски претставник кој сакаше да остане анонимен и додаде дека е тешко да се најде земја која би ги прифатила посмртните останки на Осама бин Ладен поради што САД одлучи да го погреба во море. Претседателот на САД, Барак Обама изутринава соопшти дека Бин Ладен е убиен во огнена престрелка во Пакистан. Група американски командоси го убија Бин Ладен вчера изутрина во градот Аботабад околу 100 километри северно од Исламабад, соопштија пакистанските и американските официјални претставници, кои изјавија дека неговото тело ќе се третира според исламските обичаи. Покрај Бин Ладен во нападот загинаа уште тројца мажи , меѓу кои и неговиот син, како и дена жена./крај/бета/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Грушко: Русија ги презема сите потребни мерки за својата безбедност

Во контекст на акциите на НАТО во Балтичкото Море, Русија ги презема сите потребни мерки за да ја обезбеди својата безбедност, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушко.
„Би сакал уште еднаш да нагласам дека овој регион е претворен во зона на акутно воено соперништво, а тоа е многу опасна работа. Добро е познато дека ги преземаме сите потребни мерки за да ја обезбедиме нашата безбедност и одбрана“, рече тој во емисијата на ТВ „Россија-24“, пренесува ТАСС.
Според него, се реорганизирале два воени окрузи, потпишан е и стапил во сила договор за безбедносни гаранции за Русија и Белорусија, кој предвидува распоредување на нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, а се зајакнуваат и капацитетите на воената флота и рускиот крајбрежен одбранбен систем.
„Значи, ќе бидеме целосно вооружени и нема да дозволиме НАТО да проектира сила од балтичкиот регион, од северниот правец“, заклучи тој, според Танјуг.
Свет
„Парамонт“ се спогоди со Трамп, ќе платат 16 милиони долари

„Парамонт“, матичната компанија на Си-би-ес, постигна спогодба со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја тужеше поради интервју што беше емитувано во октомври лани, во најновото отстапување на медиумската компанија кон претседател кој ги критикува медиумите за она што го нарекуваат лажно или заведувачко известување.
„Парамонт“ изјави дека ќе плати 16 милиони долари, но ќе ги додели парите на идната претседателска библиотека на Трамп и нема да му плати на Трамп директно или индиректно.
„Спогодбата не вклучува изјава за извинување или жалење“, се додава во соопштението на компанијата.
Трамп поднесе тужба од 10 милијарди долари против Си-би-ес во октомври тврдејќи дека мрежата измамнички монтирала интервју емитувано во нивната новинска програма „60 минути“ со тогашната потпретседателка на САД и претседателска кандидатка, Камала Харис, за да „се насочи во корист на Демократската партија“ на изборите.
Во изменетата тужба поднесена во февруари Трамп го зголеми своето барање за отштета на 20 милијарди долари. Си-би-ес емитува две верзии од интервјуто со Харис, во кое давала разни одговори на истото прашање за војната меѓу Израел и Хамас, според тужбата поднесена во федералниот суд во Тексас.
Си-би-ес претходно тврдеше дека тужбата е целосно неоснована и побара од судијата да го отфрли случајот.
Трамп тврдеше дека уредувањето на интервјуто од страна на Си-би-ес го прекршило Законот за измамничките трговски практики и заштита на потрошувачите во Тексас, кој забранува употреба на лажни, заведувачки или измамнички практики.
Спогодбата на „Парамонт“ следува по одлуката на „Еј-би-ес њуз“, во сопственост на „Волт Дизни“, да реши случај за клевета што го поведе Трамп.
Како дел од таа спогодба, објавена на 14 декември лани, мрежата донира 15 милиони долари на претседателската библиотека на Трамп и јавно се извини за коментарите дадени од водителот Џорџ Стефанопулос, во кои погрешно се вели дека Трамп е прогласен за виновен за силување.
Матичната компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, „Мета платформс“, исто така се согласи на спогодбата, која на 29 јануари објави дека се согласила да плати приближно 25 милиони долари откога Трамп ја тужеше затоа што неговите профили на тие социјални мрежи беа суспендирани по нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.
(Фото: ЕПА)
Свет
Десетици патници заробени во воз во Германија два и пол часа на екстремна топлина

Десетици германски патници беа спасени од службите за итни случаи откога беа заробени во неисправен воз во екстремна топлина синоќа.
Регионалниот воз застана на железнички мост во покраината Долна Саксонија поради техничка грешка, изјави портпаролот на федералната полиција. Грешката значеше дека климатизацијата работеше само делумно, а вагоните бргу се загреаа бидејќи Германија беше погодена од топлотен бран.
Потоа неколкумина од 48-те патници ги повикаа службите за итни случаи. Федералната и покраинската полиција, девет амбулантни возила и четири лекари беа повикани на местото на настанот за да ги евакуираат патниците од возот и да им укажат медицинска помош.
Според службите, пет лица побарале медицинска помош поради дехидрација и проблеми со циркулацијата. Едно 14-годишно девојче и едно 15-годишно момче биле однесени во болница. Операторот на возот, „Нордвестбан“, не одговори на прашањата на новинарите.