Свет
Три лица загинаа во експлозија во близина на граница со Авганистан
Една жена и три деца загинаа денеска во експлозија на бомба во близина на џамија во северозападен Пакистан, земја во којашто во тек е бран напади на талибаните поврзани со Ал Каеда , на денот на убиството на Осама бин Ладен.
Една жена и три деца загинаа денеска во експлозија на бомба во близина на џамија во северозападен Пакистан, земја во којашто во тек е бран напади на талибаните поврзани со Ал Каеда , на денот на убиството на Осама бин Ладен. Нападот се случил во Чаршад, на подрачје контролирано од пакистански талибани на границата со Авганистан. Џамијата се наоѓа во близина на полициска станица која веројатно била мета на нападот, изјави за Франс прес, шефот на локалната полиција Нисар Кан Марват.Во тој напад повредени се три лица, меќу кои двајца полицајци. Бомбата делумно ја оштетила џамијата, како и дел од ѕидот на полициската станица. Никој не презеде одговорност за нападот, но движењето на пакистанските талибани досега преземаше одговорност за повеќе од 460 напади, повеќето од нив самоубиствени, во кои загинаа 4,200 луѓе во Пакистан во последните три години. Во летото 2007 година тоа движење кое има поддршка од Ал Каеда прогласи џихад, света војна. Претседателот на САД, Барак Обама соопшти изутринава дека бин Ладен е убиен во Пакистан во местото Аботабад, кое се наога на околу 50 километри северно од Чаршад, каде се случи денешниот напад. Талибаните денеска по објавата за убиството на бин Ладен соопштија дека ќе го одмаздат./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија.
„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води до преоптоварување на нивните економии.
„Европските земји се залагаат за понатамошно зголемување на нивните воени буџети, дури и ако тоа ги уништува нивните економии. Ова води до економско преоптоварување и потоа ќе има посериозни последици на среден рок“, рече Песков.
Како што изјави, Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Европа јасно се подготвува за војна со Русија.
„Визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград и силните промилитаристички чувства навистина преовладуваат во Европа“, додаде портпаролот на рускиот лидер.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан до Брисел; „Нема да дадеме ниту еден денар на мигрантите“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“.
„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, објави MTI.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту еден денар.
Пактот за миграција и азил е збир на правила на ЕУ што треба да почнат да се применуваат од јуни 2026 година, а неговата цел е да се создадат ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да се обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да се воспостави солидарност, а во исто време да се заштитат основните права на мигрантите.
Фото: принтскрин
Свет
Европскиот комесар признава: Нема единство во одбраната на ЕУ
Обединувањето на земјите-членки на Европската Унија во областа на одбраната нема да се случи наскоро, изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андријус Кубилијус во интервју за „Вашингтон пост“.
„Ние сме многу индивидуални во одбраната, а обединувањето и постигнувањето нешто, е предизвик. Тоа нема да се случи наскоро, но мора да ја погледнеме пошироката слика“, нагласи Кубилијус.
Според весникот, европските членки на НАТО се навикнати да дејствуваат под водство на САД, додека во рамките на ЕУ постои ризик од борба за влијание меѓу националните влади и Европската комисија, која традиционално нема значајна улога во одбранбениот сектор.
Кубилијус истакна дека постојат неколку пречки за военото обединување на европските земји. Како што наведе, производството на опрема е „целосно фрагментирано“, земјите се навикнати да дејствуваат независно, а влијанието на ЕУ во воените прашања е „екстремно ограничено или воопшто не постои“.
„Не можете само да издадете декрет дека сите мора да дејствуваат заедно утре“, рече комесарот.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека создавањето на единствена армија на Европската Унија без учество на Соединетите Американски Држави не се очекува во блиска иднина поради бројни тешкотии. Според овој весник, повлекувањето на американските трупи од одредени региони ја обнови дебатата за поголема одбранбена независност во Европа во рамките на НАТО.
Фото: принтскрин

