Свет
Зардари: Пакистан не учествуваше во акцијата на Бин Ладен
Убиството на Осама бин Ладен не беше заедничка американско-пакистанка операција, објави вчера пакистанскиот претседател Али Зардари во колумна во Вашингтон Пост.
Убиството на Осама бин Ладен не беше заедничка американско-пакистанка операција, објави вчера пакистанскиот претседател Али Зардари во колумна во Вашингтон Пост.
Зардари воедно ги отфрли и сите сомнежи дека Пакистан не направил доволно во потрагата по водачот на Ал Каеда и во борбата против милитантите на својата територија.Тој напишал дека прибежиштето на Бин Ладен, во градот, педесет километри од Исламабад, не и било познато на пакистанската влада.
„Не беше никаде каде што претпоставуваме дека може да биде. Иако случувањето во недела навечер не беше заедничка операција, децениската соработка меѓу Пакистан и САД најпосле доведе до елиминација на Осама бин Ладен како постојана пречка на цивилизираниот свет“ додаде тој.
Пакистанскиот лидер порача дека едноставно не е точно дека неговата земја, тешко погодена од страна на Бин Ладен и делувањето на неговите милитанти со 30 илјади мртви цивили во последните години, немала волја да го пронајде.
„Тоа се неосновани шпекулации. Пакистан имаше причина да ја презира Ал Каеда како и било која друга земја. Борбата против тероризмот е и пакистанска војна, како и американска“ нагласи Зардари.
Неговото мислење меѓутоа не го делат пакистанските медиуми кои денеска пишуваат дека тоа што Бин Ладен е пронајден и убиен во Пакистан ќе и нанесе на тамошната власт голем срам.
„Пакистанскиот неуспех да го открие престојот на најбараниот човек не светот на својата територија е шокантна“ објави Tehe News. „Како можел да се крие во Пакистан, а ние да не преземеме никаква акција? Таа приказна ќе биде тешка поради Американците“ пишува Daily Times.
Локалните телевизиски куќи повеќе пати ги прикажаа снимките на премиерот Јусуф Резе Гилани и други службеници кои велат дека Бин Ладен не е во Пакистан.
Вашингтон изминативе години го обвини Пакистан за недостаток на одлучност во борбата со милитантите на своето подрачје, а пакистанските разузнавачки служби за несоработка. Пакистанските медиуми денеска нагаѓаат дека Американците би можеле да преземат некоја акција за да го покажат своето незадоволство од пакистанските власти./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

