Свет
Пронајдена и втората „црна кутија“ на францускиот авион
Пронајдена е и втората „црна кутија“ на авионот на компанијата Ер Франс, кој во 2009 година се урна во Атланскиот океан, при што загинаа сите 228 патници и членови на екипажот, соопштено е денеска во Париз.
Пронајдена е и втората „црна кутија“ на авионот на компанијата Ер Франс, кој во 2009 година се урна во Атланскиот океан, при што загинаа сите 228 патници и членови на екипажот, соопштено е денеска во Париз. Во неделата, речиси две години по несреќата, на дното на океанот, 3.900 метри под површината беше пронајдена првата „црна кутија“ – која ги снима податоците за летот и работата на клучните уреди во авионот, а денеска е пронајдена втората – која го снима разговорот на пилотите. Се уште не е познато дали двете „црни кутии“ се употребливи за било каква анализа, доколку се, тие ќе можат да ја расветлат причината за несреќата на авионот кој на 1 октомври 2009 година за време на летот од Рио де Женеиро кон Париз се урна во Атлантикот. Очекувањата се дека од океанот ќе бидат извлечени и други делови на авионот, веројатно и пилотската кабина. Истрагата во март годинава тргна во нов правец, кога француски судија подигна обвинение против Ер Франс и производителот на авионот – Ербас, за убиство од негрижа. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.