Свет
Исчезна соседот на Осама: „Ве молам вратете ми го синот“
По драматичната акција во која беше убиен Осама бин Ладен, таинствено исчезна неговиот сосед Шамраиз Кхан.
По драматичната акција во која беше убиен Осама бин Ладен, таинствено исчезна неговиот сосед Шамраиз Кхан.
Неговите родители ги разбудила бучавата од хеликоптерите кои ја надлетувале дотогаш мирната населба Аботабад. Кхан излегол надвор да види што се случува, но кога ги видел припадниците на американската војска се вратил назад во куќата и се скрил со старите родители.
„Кога целата операција се заврши, пакистанската војска дојде кај нас во куќа и го одведе. Повеќе не го видовме и сè уште не се вратил. Ве молам, вратете ми го синот. Многу сум вознемирен и болен и ве молам кажете му на премиерот да ми го врати синот“ изјавил таткото на детето Муахмед Касим.
Напоменува дека ретко ги гледале станарите на големата куќа на крајот од улицата, посебно озогласениот терорист. Единствено разменувале неколку зборови со повлечената жена со која се среќавале на улица.
Пакистанската и американкста влада сè уште не се огласија за случајот. /крај/дн.хр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.