Свет
Ликвидиран координаторот на терористите на Северен Кавказ
Емисарот на Ал Каеда, главен координатор на меѓународните терористи за Северен Кавказ, Абдула Курди загинал во операција на специјалните единици во Чеченија, јавува РИ Новости повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет (НАК)
„Милитантот во 1991 г, пристигнал во Северен Кавказ од територијата на Панкиската област во Грузија. Во Чеченија, Абдула Курд беше припадник на т.н. ’арапска група’ на Ал Каеда под команда на Хатаб, Абу-ал Валид и Абу-Хавас, чијашто криминална активност претходно беше прекината од која беше потиснат руската Федерална служба за безбедност со учество на полициските органи“, се вели во соопштението цитирано од агенцијата. Според НАК, Абдула Курд директно бил вклучен во планирање и организирање големи терористички напади, убиства на цивили и на припадници на полициските органи. „Од 2006 г., по ликвидацијата на Абу-Хавас, Курд станува заменик на вториот водач на Ал Каеда во Северен Какваз, државјанин на Саудиска Арабија со име Моханед. По ликвидацијата на Моханед, во операција од 11-ти април, Абдула Курд ја презеде функцијата на главен координатор на структурите на меѓународниот тероризам во Северен Кавказ“, стои во извештајот на руски НАК. Според Комитетот, Курд ги контролирал и дистрибуирал финансиските приливи од странство за терористички активности на територијата на целиот Северен Кавказ. Рускиот антитерористички комитет во соопштението истакнува дека операцијата за уништување на терористите била водена во координација меѓу разузнавачките и полициските агенции не само од Русија, туку и со „активна соработка со странски партнери“, што ќе придонесе за „усложнување на контактите за севернокавкаските терористи од Ал Каеда“.Ноќта кон понеделникот американски специјални сили го убија лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, „терористот број 1“ Осама бин Ладен. Тој беше застрелан во главата во обид да се спротистави во неговата добро утврдена куќа во градот Аботабад, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. ДНК тестовите потврдија дека убиениот е бин Ладен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

