Свет
Почна извлекувањето на телата на настраданите од „ербасот“ на „Ер Франс“
Француските трагачи во средата по локално време ја почнаа операцијата за извлекување на телата на патниците загинати во несреќата од јуни 2009 г. кога во Атлантикот се урна „Ербас А330“, на летот АF447 oд Рио де Жанеиро за Париз, пренесуваат бразилските медиуми.
Француските трагачи во средата по локално време ја почнаа операцијата за извлекување на телата на патниците загинати во несреќата од јуни 2009 г. кога во Атлантикот се урна „Ербас А330“, на летот АF447 oд Рио де Жанеиро за Париз, пренесуваат бразилските медиуми. Засега нема други детали за оваа операција. Патничкиот авион „Ербас А330“, на француската авиокомпанија „Ер Франс“ на летот AF447 од Рио де Жанеиро до Париз, се урна на 1-ви јуни 2009 г. во близината на бразилскиот брег. Загинаа 228 патници и членови на екипажот, меѓу кои 72 се Французи и 59 државјани на Бразил. Прашањето за вадењето на телата на жртвите не е меѓу приоритетите на операцијата којашто се презема за целосно расветлување на причините за оваа авионска несреќа, што предизвика контроверзии во јавноста и меѓу роднините на жртвите. Здружение на роднините на жртвите изрази сомнежи во врска со состојбата на телата по речиси две години минати во морска вода на големи длабочини. Во понеделникот француските трагачи на површината го извлекоа снимачот кој треба да ги содржи разговорите водени во пилотската кабина. Првата „црна кутија“, пак, којашто ги содржи техничките параметри на летот, беше подигната еден ден порано. Во првите месеци по несреќата од морската површина беа собрани 50 тела на загинатите. По откривањето на остатоците од длабочина од 3,9 километри, на 1.100 километри од брегот на Бразил на почетокот од април оваа година, од француското Биро за истраги и анализи на авионски несреќи (BEA) соопштија дека подводниот робот во внатрешноста на воздухопловот открил тела на патници./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.