Свет
Египетски министер осуден на 12 години затвор

Поранешниот египетски министер за внатрешни работи Хабиб ел Адли денеска во Каиро е осуден на 12 години затвор поради финансиски малверзации.
Поранешниот египетски министер за внатрешни работи Хабиб ел Адли денеска во Каиро е осуден на 12 години затвор поради финансиски малверзации. Ова е прва затворска казна изречена на еден висок претставник на режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак, соборен во народниот бунт на 11.февруари. Ел Адли, кој во времето на Мубарак беше 12 години на власт, е осуден за перење пари и корупција. На почетокот на судењето се изјасни за невин. На поранешниот министер одвоено му се суди во друг случај по обвинувањата дека наредил да се пука на демонстрантите за време на протестите против Мубарак, пренесува агенцијата Франс прес. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Поранешниот американски претседател Џо Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота со неговата сопруга Џил, соопшти неговиот кабинет.
Двојката ќе патува на погребот самостојно, а не со авионот на претседателот Доналд Трамп, кој исто така ќе присуствува на погребот. Според Ватикан, речиси 50 шефови на држави и десет монарси досега потврдија дека ќе присуствуваат на погребот.
Џо Бајден, католик (единствениот католички американски претседател покрај Џон Кенеди), редовно ја изразуваше својата наклонетост и восхит кон папата Францискo, со кого имаше неколку официјални и приватни разговори и чиј портрет го чуваше во Овалната соба.
Бајден планираше да го посети Ватикан на крајот од својот мандат во јануари за да му го врачи на папата Претседателскиот медал за слобода, најпрестижната американска цивилна награда, но мораше да го откаже патувањето поради пожарите во Лос Анџелес.
Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст.
Европа
Пристигна првата реакција на Украина за преговорите меѓу Путин и човекот на Трамп

Јуриј Сак, советник во украинското Министерство за стратешки индустрии, за Би-би-си изјави дека Русија „одолговлекува“ во преговорите за Украина и го третира целиот процес како „спектакл“. Сак нагласи дека Украина секојдневно комуницира со своите европски партнери и дека тие го уверуваат дека ќе ја поддржат Украина сè додека не се постигне мир.
Сепак, тој додаде дека постојат работи што само САД можат да ѝ ги обезбедат на Украина, па затоа е „многу важно да се зачува стратешкото партнерство“ со Вашингтон. „Русија мора да покаже вистински докази дека е посветена на мировниот процес“, рече Сак.
Да потсетиме, претходно денес, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф одржале „конструктивен состанок“ во Москва, каде што разговарале, меѓу другото, за можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина.
Европа
Русија: Убиството на генералот во Москва е тероризам

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша убиството на генералот Јарослав Москалик како „терористички напад“.
„Главното прашање е да се запре конфликтот во срцето на Европа и светот. Секој ден гледаме толку многу жртви. Денес, еден припадник на руската војска беше убиен како резултат на терористички напад во Москва“, рече Захарова.