Свет
Ал Каеда неверојатно нема брзо да најде замена за бин Ладен
Меѓународната терористичка организација Ал Каеда најверојатно нема брзо да најде замена за нејзиниот лидер, Осама бин Ладен, смета директорот на Одделот за транснационални закани и политички ризици при Институтот за стратешки студии, Најџел Инкстер
Лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, беше убиен во понеделникот ноќта од страна на специјалните сили на САД кои извршија препад врз утврдената куќа во близина на градот Аботабад, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. „Мислам дека ќе биде многу тешко за џихадистичкото движењето да го замени Осама бин Ладен, да најде личност со слична харизма, човек кој ќе ја има истата емотивна и интелектуална моќ за привлекување“, рече денеска Најџел Инкстер, за време на видео мост Москва – Брисел – Лондон на тема „Бин Ладен – мртов. Стана ли светот побезбеден?“ Според него,„бин Ладен поседувал таква харизма, каква што другите лидери не поседуваат за да ја преземат функцијата на овој стратешки мислител“. „Не сум уверен дека кандидатите за оваа позиција се во можност целосно да ја надоместат загубата на Ал Каеда со смртта на Осама бин Ладен“, додава експертот. Претходно ирачкиот весник „Ал-Сабах, повикувајќи се на извори во раководниот совет – Шурата на Ал Каеда, пишуваше дека по убиството на бин Ладен, „организацијата се соочува со големи потешкотии при изборот на нов лидер“. Се претпоставува дека наследник на бин Ладен ќе биде „човекот број два“ во Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал-Завахири – кој, пак, сепак се соочува „со противење на некои водачи на организацијата кои сакаат лидерството да премина во рацете на младата генерација“, пишува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.