Свет
Контакт групата за Либија одобри финансиска помош за бунтовниците
Меѓународната контакт група за Либија по денешниот состанок во Рим најави основање на фонд преку кој би им се помогнало на либиските бунтовници
Меѓународната контакт група за Либија по денешниот состанок во Рим најави основање на фонд преку кој би им се помогнало на либиските бунтовнициСо фондот ќе се овозможи „ефективно и транспарентно да се канализираат финансии кон Преодниот национален совет“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини во обраќањето до останатите членови на групата. Преодниот национален совет, кој е еден вид на влада на либиските бунтовници, соопшти дека во наредните месеци ќе им бидат неопходно потребни три милијарди долари за медицинска помош, снабдување со храна и основни потреби, бидејќи не се гледа крајот на застојот во борбата помеѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи. Фратини рече дека една од можностите е замрзнатиот имот на режимот на Гадафи, кој се проценува на 32 милијарди долари, да стане достапен за бунтовничката влада, бидејќи, како што рече, „тој имот му припаѓа на либискиот народ“. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.