Свет
По 24 години во Германија започна попис на населението
Во Германија денеска започна попис на населението, за прв пат од 1987. година, кој треба да покаже дали во земјата навистина живеат 82 милиони луѓе или таа бројка е помала за 1,3 милиони, како што претпоставуваат статистичарите, пренесе „Дојче Веле“.
Во Германија денеска започна попис на населението, за прв пат од 1987. година, кој треба да покаже дали во земјата навистина живеат 82 милиони луѓе или таа бројка е помала за 1,3 милиони, како што претпоставуваат статистичарите, пренесе „Дојче Веле“.
Германија е обединета 20 години, но не се знае точно колку луѓе живеат во источна и западна Германија, какво образование завршиле и во колкави станови живеат.
Последен пат попис на населението е спроведен во 1981-ва година во Демократска република Германија и во 1987. година во Сојузна република Германија.
На пописот од 1987-ма година му претходеа години на судири, а стотици граѓански здруженија беа против уште од 1983-та.година.Таа година сојузниот Уставен суд пресуди дека правото на информативно самоопределување е основно човеково право.
Причините за противењето на пописот беа лошата ситуација во земјата, систематското протерување на Евреите од страна на нацистите, кој успеа и поради податоците од пописот објавен во триесеттите, потсетува „Дојче Веле“.
Сите 82 милиони германски граѓани нема да имаат директна врска со пописот. 80.000 попишувачи ќе интервјуираат осум милиони луѓе, избрани според староста, полот и државјанството. Податоците за останатите жители ќе бидат добиени од општините и од Сојузната агенција за труд.
Подготовките за овогодинешниот попис почнаа уште пред десет години, а во април годинава почна и медиумска кампања која на граѓаните им објаснуваше што всушност значи попис на населението.
Пописот ќе ја чини Германија 710 милиони евра, а првите резултати ќе бидат познати најрано кон крајот на годината./крај/дв/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.