Свет
Шефот на ММФ обвинет за сексуалнa злоупотрeба
Њујоршката полиција против приведениот вечерта кон недела по локално време изрвршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, поднесе неколку обвинувања за сексуални престапи, пренесува Reuters
Обвинителите го товарат Доминик Строс Кан за „обид за силување, незаконски сексуален чин, незаконско лишување од слобода…“, се вели во информацијата.Уште пред да бидат објавени официјалните обвиненија, адвокатот на Строс-Кан, Бенџамин Брафмен, изјави дека неговиот клиент не се чувствува виновен.Шеесет идве-годишниот Строс-Кан кој беше француски министер за финансии од 1997 до 1999 г., еден од можните кандидати за претседател на Франција, беше уапсен во авион на француската авиокомпанија „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз, по пријава и сомневање дека извршил малтретирање од сексуална природа против вработена собарка во еден хотел на њујоршки „Тајмс Сквер“.Во 2008 година, Меѓународниот монетарен фонд спроведе истрага против Строс-Кан, кој беше осомничен за злоупотреба на својата позиција за лична полза. Причината за истрагата беа настаните од декември 2007 година, кога Строс-Кан имал преписка по електронска пошта со една од офицерките на фондот, изразувајќи желба нивниот однос да биде поинтимен. Подоцна овие електронски пораки ги видел нејзиниот сопруг, кој исто така работел во ММФ.По истрагата ММФ изрази жалење во врска со случајот меѓу Строс-Кан и неговата колешка, нарекувајќи го инцидентот „сериозна грешка“, но сепак одлучи да го задржи како претседател на фондот.Строс-Кан, еден од можните кандидати за претседател на Франција, според весникот The New York times, агенти во цивилна облека го уапсиле во авион на „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз.Строс-Кан, една од најпопуларните личности во Франција, член на опозициската Социјалистичка партија, веќе една седмица е под опсервација на медиумите. Во почетокот на мај, весниците објавија фотографија на која е првиот човек на ММФ со скап автомобил „порше“. Во четвртокот, медиумите почнаа да пишуваат за неговото „погрешно“ однесување, предупредивајќи на можен пад на неговата популарност.Пред два дена, Agence France-Presse објави дека Строс-Кан има намера да го тужи весникот France-Soir, нарекувајќи ги лажни информации дека тој шие костуми кај шивачот на американскиот претседател. Според оваа информација, шефот на ММФ ги користи услугите на шивач во Вашингтон, познат како Жорж од Париз (Georges de Paris). Меѓу неговите клиенти е и американскиот претседател, Барак Обама, а костумите чинат од седум до 35 илјади евра.Во прилог на информации за скапиот автомобил и услугите на претседателскиот шивач, медиумите пишуваат и за скапиоте елитен недвижен имот, која наводно му припаѓа на претседателот на ММФ. Според нив, брачната двојка Строс-Кан има шестособен апартман во 16-ти арондисман на Париз, еден стан од 240 квадратни метри на елитниот плоштад „де Воге“ во центарот на главниот град, дом со површина од 380 квадратни метри во Вашингтон и недвижен имот во Маракеш (Мароко).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos
Свет
Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.
Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.
„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.
Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.
„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.
Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.
depositphotos

