Свет
Стос-Кан денеска ќе се изјасни за обвинението пред судот во Њујорк
Директорот на меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Доминик Штраус-Кан денеска попладне ќе се појави пред судот во Њујорк за да се изјасни по обвинувањата за сексуален напад, обид за силување и незаконско затворање на собарка од хотелот „Siftel“, пренесуваат светските агенции
Извршниот директор на ММФ, Доминик Строс-Кан првично по обвинението требаше да се изјасни вчера, но тоа беше одложено поради медицинските прегледи, соопшти неговиот адвокат.„Мојот клиент доброволно се согласи на форензички преглед на барање на владата“, рече Вилијам Тејлор, притоа додавајќи дека неговиот клиент има намера на судот да се изјасни како невин.Полицијата соопшти дека побарала судски налог за да може преку прегледот да се најдат траги од гребаници или отпор на силување на телото на Строс-Кан.Кан нема дипломатски имунитет и доколку се утврди дека е виновен, може да заработи затворска казна од 15 до 20 години.Обвинителите го товарат Доминик Строс-Кан за „обид за силување, незаконски сексуален чин, незаконско лишување од слобода…“, се вели во информацијата.Уште пред да бидат објавени официјалните обвиненија, адвокатот на Строс-Кан, Бенџамин Брафмен, изјави дека неговиот клиент не се чувствува виновен.Шеесет идве-годишниот Строс-Кан кој беше француски министер за финансии од 1997 до 1999 г., еден од можните кандидати за претседател на Франција, беше уапсен во авион на француската авиокомпанија „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз, по пријава и сомневање дека извршил малтретирање од сексуална природа против вработена собарка во еден хотел на њујоршки „Тајмс Сквер“.Во 2008 година, Меѓународниот монетарен фонд спроведе истрага против Строс-Кан, кој беше осомничен за злоупотреба на својата позиција за лична полза. Причината за истрагата беа настаните од декември 2007 година, кога Строс-Кан имал преписка по електронска пошта со една од офицерките на фондот, изразувајќи желба нивниот однос да биде поинтимен. Подоцна овие електронски пораки ги видел нејзиниот сопруг, кој исто така работел во ММФ.По истрагата ММФ изрази жалење во врска со случајот меѓу Строс-Кан и неговата колешка, нарекувајќи го инцидентот „сериозна грешка“, но сепак одлучи да го задржи како претседател на фондот.Строс-Кан, еден од можните кандидати за претседател на Франција, според весникот The New York times, агенти во цивилна облека го уапсиле во авион на „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз.Строс-Кан, една од најпопуларните личности во Франција, член на опозициската Социјалистичка партија, веќе една седмица е под опсервација на медиумите. Во почетокот на мај, весниците објавија фотографија на која е првиот човек на ММФ со скап автомобил „порше“. Во четвртокот, медиумите почнаа да пишуваат за неговото „погрешно“ однесување, предупредивајќи на можен пад на неговата популарност.Пред два дена, Agence France-Presse објави дека Строс-Кан има намера да го тужи весникот France-Soir, нарекувајќи ги лажни информации дека тој шие костуми кај шивачот на американскиот претседател. Според оваа информација, шефот на ММФ ги користи услугите на шивач во Вашингтон, познат како Жорж од Париз (Georges de Paris). Меѓу неговите клиенти е и американскиот претседател, Барак Обама, а костумите чинат од седум до 35 илјади евра.Во прилог на информации за скапиот автомобил и услугите на претседателскиот шивач, медиумите пишуваат и за скапиоте елитен недвижен имот, која наводно му припаѓа на претседателот на ММФ. Според нив, брачната двојка Строс-Кан има шестособен апартман во 16-ти арондисман на Париз, еден стан од 240 квадратни метри на елитниот плоштад „де Воге“ во центарот на главниот град, дом со површина од 380 квадратни метри во Вашингтон и недвижен имот во Маракеш (Мароко).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.