Свет
Адвокатите на Строс-Кан имаат алиби

Адвокатите на Доминик Строс-Кан имаат доказ дека извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бил во ресторан со неговата ќерка во времето кога наводно сексуално ја нападнал хотелската собарка, јавува француското радио RMC.
Адвокатите на Доминик Строс-Кан имаат доказ дека извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бил во ресторан со неговата ќерка во времето кога наводно сексуално ја нападнал хотелската собарка, јавува француското радио RMC.Радиотo објaви дека адвокатите го утврдиле движењето нa Строс-Кан според кое тој го напуштил хотелот напладнe, по плаќањето на сметката и предавањето на клучот а потоа отишол да руча со неговата ќерка, земал такси до аеродромот, пренесува Reuters.Според овој распоред би значело дека Строс-Кан веќе го напуштил хотелот во времето за кога 32-годишната собарка тврди дека наводно ја бркал по ходникот, ја принудил да влезе во собата и ја нападнал, пренесува радиото RMC на својата интернет страница, додавајќи дека адвокатите имаат материјални докази и сведоци.Доминик Строс-Кан е поранешен француски министер за финансии кој според некои анкети се смета за фаворит на претседателските избори во Франција во 2012 г.. Тој во текот на денот ќе се појави пред судот во Њујорк за да се изјасни за вината.Неговите адвокати веднаш по неговото апсење најавија дека тој ќе се изјасни дека не е виновен за кривичното дело „обид за силување, незаконски сексуален чин, незаконско лишување од слобода“, што би ставило срамен крај на неговата кариера на извршен директот на Меѓународниот монетарен фонд Американските медиуми претходно во понеделникот пренесоа дека Строс-Кан се согласил на форензичко испитување, додека, пак, полицијата собира се’ повеќе докази за случајот. Строс-Кан во саботата попладне по локално време беше од агенти во цивилки изведен од авионот на „Ер Франс“ десет минути пред да полета за Париз, по што беше приведен и притворен. Но ова не е негов прв сексуален скандал, во 2008 г. даде јавно извинување за случајот кој ММФ го карактеризираше како „грешка во просудувањето“ поради откривањето на неговата афера со службеничка на фондот.Во понеделникот исто така и адвокатот на француската писателка Тристан Банон изјави дека и неговата клиентка разгледува можност за поднесување тужба против Строс-Кан поради сексуален напад од 2002 г./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.