Контакт

Свет

Бил Гејтс: со вакцини ќе се спасат 10 милиони животи

Објавено пред

Соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, кој се смета за еден од најголемите филантропи во светот, денеска ги повика светските лидери вакцинацијата да ја постават како свој приоритет, за до 2020 година да се спасат од сигурна смрт „преку 10 милиони луѓе“

dobivaj vesti na viber

Соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, кој се смета за еден од најголемите филантропи во светот, денеска ги повика светските лидери вакцинацијата да ја постават како свој приоритет, за до 2020 година да се спасат од сигурна смрт „преку 10 милиони луѓе“Во говорот на 64-то собрание на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, на која до 24-ти мај учествуваат 60 министерства за здравство и 800 делегати од 193 земји=членки на СЗО, Бил Гејтс ја изнесе својата „визија за иднината“.Тој од земјите донатори побара повеќе да инвестираат во вакцини и во имунизација, па дури и ако поради тоа се соочат со „буџетска криза“. „Ефикасен начин на имунизација целосно ќе ја искорени детската парализа и ќе направи пет или шест нови вакцини да им бидат достапни на сите деца. До 2015 година можеме да спасиме четири милиони луѓе, а до 2020 година, 10 милиони“, вели Гејтс.Гејтс најави дека неговата фондација од 2012 година воведува награда за личноста или организацијата која ќе даде особен иновативен и ексклузивен придонес во наредната деценија, која ја нарече „деценија на вакцината“ и ја повика фармацевтската индустрија да се потруди и да создаде вакцини кои ќе бидат достапни и за сиромашните земји. /крај/хина/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Објавено пред

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, денес „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.

dobivaj vesti na viber

Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.

Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.

„Целта е само да се привлече внимание“, рече денес поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.

„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.

Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.

„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.

Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израел има ново моќно оружје: како функционира „Железниот зрак“

Објавено пред

Израел го постави првиот ефикасен и борбено тестиран систем за ласерско пресретнување во светот, изјави поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет.

dobivaj vesti na viber

„Компанијата „Рафаел Индустрис“ денес официјално го објави пуштањето во продажба на овој систем. Тој веќе собори десетици ракети, беспилотни летала, па дури и минофрлачи“, соопшти Бенет на Икс.

„Ова најавува длабока промена во воената историја: Оружје со брзина на светлината. Во моментот кога ќе видиме ракета, ја погодуваме. Нема временско одложување“, додаде тој.

Според Нафтали, цената на пресретнувањето е 2 долари, колку што се плаќа за струја, додека цената на системот „Железна купола“ по пресретнување била околу 60.000 долари.

„Ова целосно ја менува економијата на војната. Едноставно ќе ги банкротираме нашите непријатели. Ќе биде потребно време за целосно да се развие ова, но брзо ќе го подобриме дометот и моќноста на зракот“, рече Бенет.

„Подоцна ќе го поставиме во вселената, за да можеме да пресретнуваме балистички ракети. Ова ќе промени сè“, заклучи Бенет во објавата.

Израелското Министерство за одбрана неодамна изјави дека „Железниот зрак“ „покажал ефикасност во својата целосна оперативна конфигурација со пресретнување на ракети, минофрлачки гранати, авиони и беспилотни летала во широк спектар на оперативни сценарија“.

„Ова е прв пат во светот високопрофилен систем за ласерско пресретнување да достигне целосна оперативна зрелост“, рече израелскиот генерал Амир Барам.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Одлуката на Европската Унија е самоубиствена

Објавено пред

Од

Портпартолката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја опиша одлуката на Европската Унија (ЕУ) да го намали увозот на руска енергија како „самодеструктивна“, па дури и „самоубиствена“, пренесува Анадолу.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Захарова рече дека Брисел со години постојано следи деструктивен курс за земјите-членки.

„Верувам дека ова е повеќе како некаков вид самоповредување. Ова е самоубиствено“, рече таа, осврнувајќи се на предлозите во рамките на Европската комисија за забрзување на постепеното укинување на увозот на руски фосилни горива.

Таа додаде дека Брисел ја препознал невозможноста за целосна замена на руската енергија само преку пазарни механизми, што довело до директни законодавни дејствија што ги принудиле земјите-членки да престанат да купуваат руски суровини.

„Се чини дека создавачите на Европскиот економски совет тешко можеле да замислат колку далеку ќе оди оваа институција. Основачите замислувале нешто сосема друго, додека денешните лидери се чини дека се рамнодушни кон европската благосостојба“, предупреди Захарова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет13 часа

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија15 часа

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ15 часа

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија17 часа

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија17 часа

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија18 часа

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија20 часа

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа22 часа

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви наесен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија22 часа

„Влен“: ДУИ партнер на Левицата, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет23 часа

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е една од најголемите почести во неговиот живот во...

Свет23 часа

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа23 часа

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет23 часа

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп, која држи биткоин, беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет24 часа

„Тајмс“: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија2 дена

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија2 дена

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија2 дена

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија2 дена

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...