Свет
Либиската војска тврди дека потопила брод на НАТО

Либиската војска објави дека погодила најмалку еден брод на НАТО во близина на градот Мисрата, објави денеска агенцијата Ројтерс повикувајќи се на либиската државна телевизија.
Либиската војска објави дека погодила најмалку еден брод на НАТО во близина на градот Мисрата, објави денеска агенцијата Ројтерс повикувајќи се на либиската државна телевизија.„Нашите сили пукаа врз воените бродови и погодија најмалку еден од нив“, објави државната телевизија на Либија. Портпаролот на НАТО веднаш ја демантира оваа информација, оценувајќи ја како измислица. Тој дополни дека ниту еден брод на НАТО силите не е во близина на брегот од каде би можел да биде погоден. Портпаролот, предупреди на фактот дека информацијата е објавена 24 часа, откако еден брод на НАТО спречил напади врз Мисрата. Мисрата, трет по големина град во Либија, кој се наоѓа на 200 километри источно од Триполи, веќе неколку седмици е место каде се водат борби помеѓу владините сили и бунтовниците. Меѓународната воена акција против силите на полковникот Гадафи започна на 19 март, а кон крајот на март командата на акциите ја презеде НАТО. крај/бл/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ќе го нападнеме градот Газа со невидена сила

Израелската армија денес објави дека ќе го нападне градот Газа со „невидена сила“, повикувајќи го населението да се евакуира од областа каде што ја спроведува својата голема офанзива што е критикувана од меѓународната заедница.
Израел во вторникот објави почеток на копнена и воздушна воена кампања во Газа на север од енклавата, за уништување на палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад во Израел на 7 октомври 2023 година ја предизвика војната во Појасот Газа.
„Израелските сили ќе продолжат со своите операции со невидена сила против Хамас и други терористички организации“, изјави полковникот Авичај Адрае, портпарол на израелската војска, повикувајќи ги жителите да се евакуираат.
Но, жителите велат дека ситуацијата е хаотична. „Немаме каде да одиме“, изјави за АФП Ум Мохамед ал-Хатаб, Палестинка од бегалскиот камп Шати во западниот дел на градот Газа.
„Моите седум деца и јас сè уште живееме во шатори на запад од градот откако окупацијата (Израел) ја бомбардираше нашата куќа“, додаде таа.
„Не се плашам од смртта, се плашам за моите деца“, рече 34-годишната Лејла Азам, која живее со своите три деца во Тел ал-Хава во јужна Газа. „Дури и немаме шатор“.
ОН го процени бројот на луѓе што живеат во и околу Газа на крајот на август на околу еден милион. Израелската војска соопшти дека 480.000 луѓе избегале од областа.
Фото: ЕПА
Регион
Додик официјално се повлече од функцијата претседател

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), го потпиша указот за прогласување на Законот за измени на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално стана јасно дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања.
Иако безброј пати повтори дека не го признава, како што рече, неуставниот Суд на Босна и Херцеговина и дека нема да ги признае пресудите на тој суд, Додик целосно ја призна пресудата кога ја замени својата едногодишна затворска казна со парична казна со плаќање 36.500 КМ за да избегне одење во затвор.
Лидерот на ХДЗ, Драган Човиќ, неодамна изјави дека Република Српска во моментов нема претседател и дека позицијата треба да се пополни.
„Дотогаш, има одреден пренос на надлежности, што исто така ќе биде објавено деновиве, односно одговорностите за тој дел од извршувањето на работата се преземени, за да може сè да функционира“, рече Човиќ.
Фото: ЕПА
Свет
Египет: Златна нараквица стара 3.000 години продадена и стопена за 3.400 евра

Само неколку дена откако египетските власти објавија дека ретка златна нараквица стара 3.000 години исчезнала од лабораторијата за реставрација во Египетскиот музеј во Каиро, полицијата објави дека потрагата завршила трагично.
Според CBS News, ретката нараквица била украдена од вработена во музејот која ја продала за помалку од 4.000 долари (3.406 евра), а потоа била стопена и засекогаш изгубена.
Министерството за внатрешни работи на Египет вчера објави дека четири лица се уапсени во врска со исчезнувањето на нараквицата.
Нараквицата била украдена од сефот во лабораторијата на 9 септември од страна на вработена во музејот.
Потоа таа ја дала нараквиците на познаник кој поседува продавница за сребро во Каиро, според CBS News, кој потоа ја продал на златар за речиси 3.800 долари (3.236 евра). Сопственикот на продавницата потоа го продал предметот на друг златар за околу 4.000 долари, кој ја стопил нараквицата и ја преобликувал во друг златен накит.