Свет
Нетанјаху пред Обама ги отфрли границите од 1967 г.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го прифати предлогот за идната палестинска држава со границите од периодот на примирјето од 1967 г., велејќи дека тие еврејската држава би ја оставиле со „неодбранливи“ граници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го прифати предлогот за идната палестинска држава со границите од периодот на примирјето од 1967 г., велејќи дека тие еврејската држава би ја оставиле со „неодбранливи“ граници.Ова Нетанјаху го рекол на средбата со американскиот претседател Барак Обама во петокот којашто се одржала во Овалната соба во Белата куќа.„Иако Израел е подготвен на великодушни отстапки поради мирот, не може да се врати на границите од 1967 г., бидејќи тие граници се неодбранливи“, изјавил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Американските медиуми го толкуваат ова како шлаканица за претседателот на САД Барак Обама дадена пред новинарите и камерите по средбата којашто траела повеќе од два часа.„Мирот втемелен на привиди, на крајот ќе се разбие од карпите на блискоисточната стварност. Трајниот мир може да се темели единствено на стварноста и непобитните факти. За да се постигне мирот, Палестинците мора да прифатат некои темелни факти“, нагласил Нетанјаху. Израелскиот премиер додал дека „нема многу простор за грешки, имајќи предвид дека историјата нема да им даде нова шанса на Евреите“, директно обраќајќи му се на американскиот претседател Обама. Израелскиот одговор дојде еден ден откако претседателот на САД го разгневи својот блискоисточен стратешки сојузник првпат залагајќи се директно за создавање палестинска држава во границите на оние од 1967 г. Обраќајќи им се на новинарите по средбата, Обама рекол дека ги повторил мировните „начела“ коишто ги изложи во четвртокот во неговиот говор за ситуацијата на Блискиот исток пред американскиот Стејт департмент. Тој тогаш го прифати одамна поставеното палестинско барање за формирање држава на окупираниот Западен брег и во појасот Газа којашто треба да биде исцртана според границите коишто постоеле и пред војната од 1967 г. кога Израел ги освои овие територии и источен Ерусалим. Обама порано признаваше дека постојат „некои недоразбирања“ со Израел во врска со мировниот процес и предупреди дека ситуацијата на Блискиот исток нуди можности но и опасности.Нетанјаху, пак, изјави дека претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас мора да избере меѓу сојузот со исламистичкото радикално движење Хамас и мирот со Израел.Осврнувајќи се на состојбата во Сирија која се граничи со Израел каде се случува народен бунт кој власта го задушува со репресија, Обама истакна дека тоа е причина за „голема загриженост“ и за Израел и за САД./крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници
Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот на маргините на самитот Г20 во Јоханесбург.
Тие сметаат дека нацртoт на американскиот мировен план за Украина претставува основа за понатамошна разработка, но дека поединечни точки, вклучувајќи ги предложените ограничувања за украинските вооружени сили, предизвикуваат сериозна загриженост.
Во изјавата стои дека нацрт-планот од 28 точки е темел кој бара дополнителна работа, а челниците истовремено изразуваат загриженост поради предложеното ограничување на украинските вооружени сили, што би ја направило Украина ранлива на идни напади.
Декларацијата ја потпишаа во име на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александар Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерите Марк Карни од Канада, Михал Мартин од Ирска, Џорџа Мелони од Италија, Санае Такаичи од Јапонија, Дик Схоф од Холандија, Педро Санчез од Шпанија, Кир Стармер од Обединетото Кралство и Јонас Гар Сторе од Норвешка.
Во изјавата се признава дека американскиот предлог вклучува важни елементи што ќе бидат клучни за праведен и траен мир. Но повторуваат дека „се јасни во принципот дека границите не смеат да се менуваат со сила“.
Потсетуваат и дека елементите од планот кои се однесуваат на ЕУ и НАТО бараат согласност од членките на ЕУ и НАТО и додаваат дека имаат намера да продолжат со тесната координација со Украина и САД во наредните денови.
Американскиот план во Киев се гледа со голема загриженост затоа што содржи неколку клучни руски барања: Украина се откажува од дел од територијата, прифаќа намалување на големината на својата армија и се откажува од членството во НАТО.
Русија би ги задржала Доњецк, Луганск и Крим, но би морала да се откаже од другите освоени подрачја.
Од друга страна, Украина би добила западни безбедносни гаранции за спречување на идни руски напади.
Планот предвидува и огромен глобален пакет мерки за Украина веднаш да започне со обновата на разурнатата земја, вклучувајќи основање на Украински фонд за развој со цел инвестирање во брзорастечки индустрии, меѓу кои технологија, дата-центри и вештачка интелигенција.
Свет
Европските земји, САД и украинските претставници утре ќе разговараат во Женева
Претставници на европските држави утре во Женева ќе разговараат со американски и украински претставници за американскиот мировен план за Украина, изјавил извор од германската влада за dpa. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дал рок на Украина до четврток да одговори на предлогот со 28 точки.
Нацрт-планот, кој протече во медиумите и во четврток беше официјално претставен на Киев, предизвика загриженост затоа што предвидува широки територијални и воени отстапки кон Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски именуваше преговарачка делегација, со Андриј Јермак како главен преговарач. Во деветчлената група е и Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба.
Зеленски изјави дека планот ја остава Украина пред „многу тежок избор: или губење на достоинството или ризик од губење на клучниот партнер“ – мислејќи на САД, кои обезбедуваат оружје и разузнавачка поддршка.
Украински високи претставници во наредните денови треба да се сретнат со американска делегација во Швајцарија за да разговараат за планот, но точниот термин и локација не се прецизирани.
Свет
Вооружени лица киднапираа повеќе од 300 ученици и 12 наставници од католичко училиште во Нигерија
Бројот на киднапираните ученици и наставници од католичкиот интернат „Света Марија“ во сојузната држава Нигер во Нигерија порасна на повеќе од 300 ученици и 12 наставници, соопшти Христијанската организација на Нигерија (ЦАН), пренесе АП.
Според соопштението на претседателот на огранокот на ЦАН во државата Нигер, Булус Даува Јохана, бројките се ажурирани по конечната проверка на евиденцијата. Претходно беше објавено дека се киднапирани 215 ученици и 12 наставници.
Интернатот, кој го посетуваат деца од 7 до 17 години, се наоѓа близу главниот пат меѓу Јелва и Моква. ЦАН соопшти дека училиштето повторно почнало со работа без известување на надлежните, со што ги изложило учениците и персоналот на ризик.
Католичката бискупија Контогора информираше дека еден службеник за обезбедување бил тешко ранет во нападот.

