Свет
Нападната воена база во Пакистан
Единица на пакистанските ренџери по 12-часовна битка ја заврши специјалната операција во базата на морнаричкото воздухопловство Мехран, при што се убиени четири милитанти убиени додека четири се заробени, објави телевизијата DawnNews цитирајќи воени извори.
Единица на пакистанските ренџери по 12-часовна битка ја заврши специјалната операција во базата на морнаричкото воздухопловство Мехран, при што се убиени четири милитанти убиени додека четири се заробени, објави телевизијата DawnNews цитирајќи воени извори.Како што пренесува пакистанската приватна телевизија, за време на борбите загинале најмалку осум војници, а 16 се ранети.Според информациите на пакистанските медиуми, милитантите успеале да уништат два против-подморнички патролни авиони од типот П-3C “Орион“ и еден хеликоптер.Борбата во воздухопловна база Мехран почна во неделата вечер, кога група на милитанти вооружени со митралези и рачни гранати, се уфрлија во базата и отвори оган врз хангар со авиони на морнарицата. Кај уапсените екстремисти биле пронајдени документи со лажен идентитет преку кој како што се претпоставува успеале да влезат во безбедносната зона, наведуваат пакистанските медиуми.Одговорноста за нападот врз базата Мехран ја превзема групацијата „Техрик-е талибан-е Пакистан“ (Движење на талибаните на Пакистан). Како што соопштил за медиумите претставникот на ова движење, Ехшанула Ехсан кој се јавил преку сателитски телефон од непозната локација, оваа акција била изведена во знак на одмазда за ликвидацијата на Осама бин Ладен. Претходно, борците на ова милитантно движење ветија дека ќе им се одмаздат на „властите на Пакистан и на САД за убиството на лидерот на АлКаеда, Осама бин Ладен, кого Вашингтон го обвини како организатор на нападите од 11-ти септември 2001 година во САД кога загинаа неколку илјади Американци. Бин Ладен беше убиен од страна на американските специјалци ноќта на 2 мај во утврдената куќа во близина на пакистанскиот град Аботабад, 50 километри од пакистанската престолнина Илсамабад, во северниот дел од земјата. Телото на Бин Ладен беше погребано во морето./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

