Свет
Експлозија во нова иранска рафинерија при посетата на Ахмадинеџад
Најмалку едно лице загинало а 20 се повредени во експлозија во иранска рафинерија околу времето на посетата на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, објавија локалните медиуми.
Како што јавува кинеската агенцијата Xinhua која се повикува на иранската полу-официјална државна агенција Fars, технички проблеми се причината за експлозијата, којашто предизвикала и пожар.Густ чад можел да се види како се крева од рафинеријата, но пожарот бил ставен под контрола, дознава Xinhua.Претседателот Махмуд Ахмадинеџад не бил повреден и имал телевизиско обраќање по повод отворањето на рафинеријата за нафта во југо-западниот град Абадан. Висок ирански официјален претставник изјави дека инцидентот „не е чин на саботажа“. „Ек0спертите се согласни дека рафинеријата во Абадан не е подготвена да биде целосно ставена во функција. Инциденот во Абадан се случи поради технички проблеми“, изјави Хамид Реза-Катоузиан, претседател на парламентарната комисија зa енергија на Иран, цитиран од новинската агенција Reuters. Друга иранска агенција Mehr, јави дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас, а некои вработени вдишале токсични супстанции. Според оваа агенција, во експлозијата загинале најмалку две лицаВо иранските медиуми имаат контрадикторни информациите дали експлозијата се случила пред, за време или по завршувањето на посетата на претседателот Ахмадинеџад. Западните медиуми ја поврзаа оваа информација со инцидентот од август минатата година, кога иранските власти негираа дека експлозивна направа била фрлена врз конвојот на Махмуд Ахмадинеџад во близина на градот Хамедан. Рафинеријата теба да почне со работа во две фази и на крајот да произведува повеќе од 6 милиони литри бензин дневно, главно наменети за домашната потрошувачка. Според западните медими, присуството на Ахмадинеџад ја покажува важноста на оваа рафинерија за Иран,Ваквите инциденти се релативно чести во Иран на нафтената и гасоводната инфраструктура, а државните медиуми пренесуваат дека слични инциденти имало во истата рафинерија претходните седмици пред нејзиното отворање. Пристаниште Абадан има посебно значење во ирански историја од периодот на повоениот премиер Мухамед Мосадек кога беше национализиран иранскиот удел во Англо-иранската нафтена компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos
Свет
Руте: НАТО нема да учествува во воените операции против Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воени операции против Иран и дека станува збор за кампања што ја предводат САД и Израел.
„Не, ова е јасно кампања што ја предводат Американците и Израелците“, изјави Руте за Би-Би-Си, одговарајќи на прашање дали силите на НАТО ќе бидат вклучени.
Тој додаде дека сојузниците на НАТО и пријателите во регионот се соочуваат со, како што рече, неселективни напади од Иран и дека Европа апсолутно ги поддржува американските потези, оценувајќи дека Иран претставува закана за Европа, Израел и поширокиот регион.
Руте посочи дека имал повеќе разговори со американски претставници и дека Вашингтон и НАТО тесно координираат, но одби да открие дали однапред знаел за нападите.
Изјавата доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, со меѓусебни ракетни и дрон-напади и вклучување на Хезболах во борбите од јужен Либан.

