Свет
Најмалку 28 загинати во експлозија во магацин со муниција во Јемен
Дваесет иосум луѓе се убиени во експлозија во магацин со муниција во Санаа, што припаѓал на Ал-Ахмаровиот клан, кој води борби со силите на претседателот Али Абдалах Салех, соопшти денеска анонимен извор
Според една смс порака од Министерството за одбрана, магацинот со муниција му припаѓа на Хамид ал-Ахмар, брат на шеикот Садел ал-Ахмар, водач на моќниот племенски сојуз Хашед, што се приклучи на народниот бунт против Али Абдалах Салех.Борбите, кои започнаа во понеделникот, следат по неколкуте месеци на политички немири во земјата, во кои веќе загинаа голем број на луѓе и чија цел беше да се симне од власт претседателот Салех, кој со земјата владее 31 година. Директен повод за почетокот на борбите беше одбивањето на Салех – по трет пат – да го потпише договорот постигнат со посредништво на Советот на заливските земји во неделата, според кој тој требаше да си замине од функцијата, а за возврат ќе му беше даден имунитет од секакво кривично гонење. Според непотврдени информации, силите на ал-Ахмар веќе контролираат неколку владини објекти, вклучувајќи го министерството за трговија и туризам, како и канцелариите на државната новинска агенција „Саба“. Борците на ал-Ахмар, исто така, ја нападнале и зградата на Министерството за внатрешни работи, која била под силен оган од рачни фрлачи. За избликот на насилствата, за кои и двете страни се обвинуваат меѓусебно, денеска загинале 20 владини војници и 46 борци на ал-Ахмар, а стотици се ранети, со што бројот на загинати од понеделникот наваму достигна најмалку 69. Илјадници жители на Санаа се обидуваат да побегнат од борбите и да најдат засолниште надвор од престолнината. Анти-владините демонстрации со кои се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт повеќе од 30 години, почнаа во Јемен од почетокот на февруари. Припадницит на владините специјални единици употребија оружје за да ги растераат антивладините демонстранти. Според западните медиуми во текот на немири во земјата загинале повеќе од 140 луѓе.Во понеделникот, Советот за соработка на арапските држави од Перискиот залив, го објави повлекувањето на својата иницијатива за мирно решавање на кризата во Јемен поради неуспехот на шефот на државата да потпише договор со кој се обезбедува мирен трансфер на власта од претседателот во рок од еден месец во замена за гаранции дека нема да биде гонет.Јеменскиот претседател на крајот од април одби да го потпише мировнито план со опозицијата, откако претходно ја поддржа иницијативата за внатрејеменски договор на GCC за помирување.Истовремено владејачката партија во Јемен, „Генералниот народен конгрес“ го одобри планот предложен од страна на GCC, кој предвидува оставка на претседателот Салех за 30 дена по формирањето влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да престане со демонстрациите. Според иницијативата на на GCC, Салех, исто така,треба да добие имунитет од судско гонење.Противниците од Салех бараа негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменскиот претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ја негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Салех стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

