Контакт

Свет

Почина единаесеттиот заболен од цревната бактерија

Објавено пред

Бројот на починати као последица на заразата од ентерохеморалгичната бактерија ешерихија коли (EHEC) во Германија се искачи на 11, откако едно лице денеска почина како последица на оваа зараза.

dobivaj vesti na viber

Бројот на починати као последица на заразата од ентерохеморалгичната  бактерија ешерихија коли  (EHEC) во Германија се искачи на 11, откако едно лице денеска почина како последица на оваа зараза.Станува збор за пациентка од покраината Северна-Рајна Вестфалија, што е прв смртен случај вон подрачјето на северна Германија, кое што е најпогодено од заразата.Здравствените власти соопштија дека досега се регистрирани околу 1.200 случаи на заразени или пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со бактеријата EHEC.Кај 300 од нив се појавил и опасниот синдром HUS, кој е проследен со разорување на црвените крвни зрнца и уништување на функциите на бубрезите.Лекарите не ја исклучуваат можноста од зголемување на бројот на смртни случаи како последица од оваа болест, особено во Хамбург и околината, каде што е регистриран најголемиот број на заболени лица. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Путин и волонтери со чај и слатки: рускиот претседател го посети Курскиот регион на границата со Украина

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Курската област, на границата со Украина, соопшти Кремљ.

dobivaj vesti na viber

„Владимир Путин беше во работна посета на Курската област претходниот ден“, се наведува во соопштението.

Путин се сретна со привремениот гувернер Александар Хинштајн и претставници на волонтерски организации.

Државната телевизија „Русија 24“ емитуваше видео од средбата меѓу Путин и волонтерите околу голема маса со чај и слатки.

Рускиот претседател имаше средба и со претставници на регионалните општини во Курчатов, каде што се наоѓа нуклеарната централа, а го посети и градилиштето на електраната Курск-2.

На крајот на април, Русија тврдеше дека, со помош на севернокорејските војници, целосно го вратила Курскиот регион, во кој украинските сили влегоа во август 2024 година.

Руските власти претходно денес објавија дека армијата соборила 159 украински беспилотни летала во неколку региони на Русија, вклучувајќи ги Брјанск и Курск, за 12 часа.

Прикажи повеќе...

Свет

Кабинетот на Бајден демантира дека ракот му бил дијагностициран претходно

Објавено пред

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му беше дијагностициран рак на простата дури минатата недела, а неговиот „последен познат“ тест на крвта за болеста беше пред повеќе од една деценија, соопшти неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Соопштението од канцеларијата на Бајден доаѓа во време кога критичарите, вклучувајќи го и актуелниот американски претседател Доналд Трамп, изразија скептицизам во врска со времето на дијагнозата, што повторно покрена прашања за тоа дали поранешниот претседател ја довел јавноста во заблуда за своето здравје додека бил на функцијата, пренесува Ал Џезира.

„Последниот познат тест за PSA на претседателот Бајден беше во 2014 година“, се вели во краткото соопштение од кабинетот на Бајден, осврнувајќи се на тестот за специфичен антиген на простата што се користи за откривање на рак на простата.

„Пред петокот, на претседателот Бајден никогаш не му беше дијагностициран рак на простата“, истакнуваат тие.

Во понеделникот, Трамп рече дека е „изненаден“ што јавноста не била информирана за дијагнозата на Бајден „одамна“.

„Зошто траеше толку долго? Ова трае долго време. Може да потрае една година за да се достигне ова ниво на опасност“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, осврнувајќи се на напреднатиот рак на Бајден.

„Некој не ги кажува фактите, а тоа е голем проблем“, рече Трамп.

Кабинетот на Бајден во неделата објави дека на поранешниот претседател му е дијагностициран рак на простата, кој се проширил на неговите коски два дена претходно.

Кабинетот на Бајден истакна дека ракот има оценка од девет според системот за класификација на Глисон, кој го рангира ракот на простата од шест до десет, што укажува дека е меѓу најагресивните типови.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Соработници на градоначалничката на Мексико Сити ликвидирани среде бел ден во центарот на градот

Објавено пред

Двајца од најблиските соработници на градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, беа убиени вчера сред бел ден во центарот на градот, откако беа нападнати од вооружени лица на мотоцикл, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Химена Гузман, секретарката на градоначалничката, и Хозе Муњоз, нејзиниот советник, беа убиени, потврдија градските власти.

Убиствата го потресоа мексиканскиот главен град, кој инаку се смета за еден од ретките побезбедни подрачја во земјата растргната од насилство.

Политички мотивираните напади станаа вообичаени во многу делови од Мексико, каде што десетици локални политичари и кандидати беа убиени во убиства главно поврзани со нарко-картели кои се обидуваат да го прошират своето влијание.

Според првичните информации, Гузман била на пат кон работа и застанала на прометна улица во центарот на градот за да го остави колегата, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител. Потоа на Муњоз му се приближиле двајца напаѓачи на мотоцикл и го застрелале на сред улица.

Потоа испукале најмалку четири куршуми кон Гузман, која била во автомобилот, убивајќи ја на самото место. На социјалните мрежи беше објавено видео од напаѓач како пука во автомобил.

Властите сè уште не дадоа мотив за нападот, но безбедносните експерти велат дека сè укажува на егзекуција организирана од картел.

Канцеларијата за цивилна безбедност на градот објави дека мотоцикл е пронајден недалеку од местото на нападот, како и друго возило во областа Изтакалко. Истражителите моментално анализираат балистички докази и отпечатоци од прсти од местото на злосторството.

Локалните медиуми објавија фотографии од црно „ауди“ со четири дупки од куршуми на шофершајбната. Едното тело било покриено со чаршаф во автомобилот, додека другото лежело на тротоарот, исто така покриено со бел чаршаф. Полицијата го опколила местото за да може форензичарот детално да го испита местото на злосторството.

„Ова е брутална порака до Клара (Бругада), зад која несомнено стојат нарко-картелите“, рече експертот за безбедност Дејвид Сауседо. Тој додаде дека криминалните групи, погодени од заплените на дрога, и претходно ги нападнале градските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на...

Свет2 часа

(Видео) Рубио: Граѓанска војна од епски размери може да започне во Сирија за неколку недели

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Израел подготвува голем напад врз иранските нуклеарни постројки

Соединетите Американски Држави добија нови разузнавачки информации кои сугерираат дека Израел се подготвува за напад врз нуклеарните постројки на Иран,...

Европа3 часа

Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Го избрав дизајнот за ракетниот штит „Златна купола“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го избрал дизајнот за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ вреден 175 милијарди долари и...

Македонија4 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ. Претходно од АМСМ информираа...

Економија18 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија18 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија20 часа

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија20 часа

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија21 час

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија22 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија22 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ23 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет1 ден

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет1 ден

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет1 ден

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа1 ден

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа1 ден

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа1 ден

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...