Свет
Најжестоки борби досега во престолнината на Јемен

Кревкото примирје кое пред неколку дена беше прогласено во јеменската престолнина Санаа, со цел да се прекинат уличните борби помеѓу силите лојални на претседателот Али Абдула Салех и тие на племенскиот лидер Садик ал-Ахмар од денеска не важи, со што земјата фактички е влезена во граѓанска војна
Кревкото примирје кое пред неколку дена беше прогласено во јеменската престолнина Санаа, со цел да се прекинат уличните борби помеѓу силите лојални на претседателот Али Абдула Салех и тие на племенскиот лидер Садик ал-Ахмар од денеска не важи, со што земјата фактички е влезена во граѓанска војна Примирјето беше прекинато во текот на ноќта, кога во најжестоките судири до сега се убиени и ранети голем број на луѓе. Најжестокото гранатирање било крај зградата на Министерството за внатрешни работи и покрај куќата на ал-Ахмар. Сведоци велат дека силите на ал-Ахмар, под притисок од лидерите на демонстрантите да го присилат Салех да си замине од власта, која ја држи 33 години, истрелале десетици гранати и проектили од една планина во близина на куќата на нивниот лидер. Жителите на Санаа во паника го напуштаат градот, а повеќе куќи се во пламен. Племенските борци, според локалните сведоци, успеале да заземат неколку владини објекти и неколку полициски станици. /крај/aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Трамп сака трајно, а не привремено примирје

Американскиот претседател, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака трајно примирје во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа зборуваше откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Левит.
Таа додаде дека Трамп останува оптимист за можноста за постигнување договор, но дека е сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни, кои, како што рече, мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот.
Левит, исто така, нагласи дека недамнешната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата Свети Петар покажала дека Трамп сака повторно да биде претседател кој носи мир, како што беше во неговиот прв мандат.
Свет
Пристигна првата реакција на Украина на најавата на Путин за тридневно примирје

Украина реагираше на предлогот на Русија за тридневно примирје следниот месец.
Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата „Икс“ порача дека ако Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да престанат.
„Зошто да чекате до 8 мај? Ако огнот може да престане сега и да продолжи без прекин најмалку 30 дена, тоа би покажало дека примирјето е реално, а не само заради парада“, напиша Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот, кој, како што нагласи, постојано го предлага.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.
Свет
Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија денес, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови

Голем прекин на електричната енергија е пријавен во Шпанија и во Португалија денес, вклучувајќи ги и нивните главни градови, јавуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот оператор „Ределектра“ изјави дека е погоден Пиринејскиот Полуостров и дека инцидентот се проценува.
Од таму велат дека вакви широки прекини во снабдувањето со струја се многу ретки на полуостровот.
Земјите имаат комбинирано население од над 50 милиони луѓе, но сè уште не е јасно колку луѓе се погодени со прекинот.
Шпанскиот јавен радиодифузер РТВЕ изјави дека голем прекин на електричната енергија погодил неколку региони во земјата околу 12.30 часот по локално време, оставајќи ги редакцијата, шпанскиот парламент во Мадрид и метро-станиците во целата земја во темница. Изгасени се и семафорите, па граѓаните пријавуваат и проблеми во сообраќајот.
Во Португалија, земја со речиси 10,6 милиони луѓе, прекинот ги погоди главниот град Лисабон и околните области, како и северните и јужните делови на земјата.
Португалскиот дистрибутер „Е-редес“ изјави дека прекинот се должи на проблем со европскиот систем за електрична енергија, според португалскиот весник „Експресо“.
Компанијата изјави дека е принудена да ја намали струјата во одредени области за да ја стабилизира мрежата, според „Експресо“.
„Е-редес“ изјави дека делови од Франција исто така биле погодени.
Не беше можно да се остварат повици на мобилните телефонски мрежи иако некои апликации работеа.