Свет
Кризата со храната се полоша, системот се руши
Побарувачката за храна до 2050 година ќе порасне за 70 проценти, а растот на цените на храната, финансиската криза и временските катастрофи веќе ја влошија кризата со храната и системот се сруши, предупреди денеска хуманитарната организација Oxfam
„Системот за храна во светот е прилично срушен“, смета извршната директорка на оваа британска организација и најави кампања за помош на гладните.Секој ден 925 милиони луѓе во светот гладува заради растот на цената на храната и на нафтата, заради борбите за вода и за обработлива почва, како и заради климатските промени.За да се заузда растот на цените на храната треба да се ограничат шпекулациите со цената на земјоделските производи на берзите, затоа што тие ги прават цените нестабилни, велат од Oxram, која е и жесток противник на производството на биогориво од прехранбени артикли. „Големите сили, и старите и новите, мораат да соработуваат, а не да се натпреваруваат, мораат да ги делат изворите, да го градат мирот и да се борат со климатските промени“, велат од организацијата. Организацијата е убедена дека владите на сиромашните земји мора да добијат место на преговарачката маса за борбата против глобалното затоплување, затоа што тие земји се на првата линија на фронтот против климатските промени , затоа што токму во нив се водат најжестоките борби за вода, почва и храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Захарова ѝ одговори на фон дер Лајен: Западот насилно ги прекрои границите на Србија
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече условите на Европската унија за постигнување мир во Украина апсурдни.
„По средбата со лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен ги изнесе условите на ЕУ за постигнување мир во Украина“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм.
Конкретно, ЕУ во своите услови нагласува дека границите не можат да се менуваат со сила.
„Урсула не можеше да не слушнала за Косово. Западот прогласи и со сила спроведе еднострано прекројување на границите на Србија, спротивно на волјата на српскиот народ“, предупреди Захарова, пренесе руската државна новинска агенција РИА Новости.
Во врска со ограничувањето на големината на украинската армија, Захарова потсети дека Германија во историјата прифатила слични ограничувања за својата војска, нагласувајќи дека фон дер Лајен, како Германка, би требало да го знае тоа.
Изјавата дека Украина ја одбрала европската иднина, Захарова ја нарече најапсурдна.
„Сите добро се сеќаваме како легитимно избраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека земјата што тогаш легитимно ја водеше го суспендира договорот за европски интеграции затоа што ‘украинската економија и законодавство не беа подготвени за приклучување кон Европската унија’“, истакна таа.
„Во исто време, Западот го покрена Мајдан, што доведе до неуставен пуч во 2014 година и, на крајот, до воспоставување на неонацистички режим во Киев под водство на глобалното малцинство“, додаде Захарова.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата порача дека украинските граници не можат да се менуваат со сила, дека украинската армија не смее да се намалува и да се остави ранлива на напад, како и дека Европската унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина.
„Секој веродостоен и одржлив мировен план треба пред сè да го запре убивањето и да го заврши војувањето, а не да посее семе за идни конфликт“, наведе шефицата на Европската комисија.
Свет
Стармер и Зеленски разговараа пред состанокот на коалицијата на подготвените
Британскиот премиер Кеир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа во пресрет на состанокот на „коалицијата на подготвените“ земји, која ќе понуди поддршка за Украина додека продолжуваат напорите за постигнување мировен договор со Русија.
Украина и понатаму е изложена на руски напади, при што загинаа најмалку шест лица, а делови од Киев останаа без вода и струја. Украинските сили, пак, изведоа дрон-напад врз руската Ростовска област, при што, според наводите, загинале три лица, а осум биле повредени.
Нападите следат по викенд-разговорите во Женева меѓу американски и украински претставници за мировниот план што го предлага администрацијата на Доналд Трамп.
Зеленски соопшти дека имал „добар и многу продуктивен“ разговор со Стармер и дека биле координирани ставовите за денешниот состанок на коалицијата, како и следните чекори во процесот.
Во меѓувреме, американскиот секретар за армија Ден Дрискал во Абу Даби разговарал со руски претставници за последните случувања по женевските разговори. Се очекува Зеленски да отпатува во Вашингтон до крајот на ноември за да ги финализира чекорите и да постигне договор со претседателот Трамп, соопшти украинскиот функционер Рустем Умеров.
Свет
Лавров бесен на Европа: Имавте шанса, ама ја пропуштивте
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ја нападна Европа поради нејзиниот контрапредлог за прекин на војната во Украина. Лавров рече дека Европа имала шанса за дипломатија, но ја пропуштила.
„Кога сега велат: ‘Не се осмелувајте да правите ништо без нас’ – па, вие имавте шанса, момци, и не ја искористивте. Ја пропуштивте“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека Русија претпочита „да се занимава со вистинска дипломатија наместо со празно брборење“.
Неговата реторика веднаш беше прифатена од медиумите контролирани од Кремљ. Весникот „Известија“ тврди дека оригиналниот план бил „апсолутно прифатлива формула за Москва“, но дека Киев и Европа „ја наполниле со неприфатливи детали“ и „ги максимизирале сивите зони“ за да овозможат идни прекршувања на договорот.
Истакнатиот националистички тврдокорен Захар Прилепин напиша за РТ дека Европејците „се ценкаат за својот дел од крвавиот украински пит“, додека новинската агенција РИА Новости, повикувајќи се на разузнавачки информации, тврди дека Велика Британија го блокира договорот затоа што „приходите од војната ја спасуваат британската економија од банкрот“.
Од друга страна, весникот „Московски комсомолец“ го нарекува мировниот процес „неколку чекори напред, многу чекори назад“.
фото:ЕПА

