Свет
Тимошенко може да заработи четврта кривична пријава
Против поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, може да биде покренато уште едно кривично дело, за набавка на вакцини за време на епидемија од „свински грип“ во 2009 г., изјави денеска во Врховната Рада (парламентот) првиот заменик на главен обвинител на Украина, Ренат Кузмин
Против Јулија Тимошенко во Украина веќе се покренати три кривични предмета. Првиот се однесува на злоупотребата на парите доделени на Украина од продажбата на квотите за емисии на стакленичките гасови во рамките на Протоколот од Кјото. Втората се однесува на нелегалното, според државниот обвинител на Украина, купување амбулантни возила по надуени цени. За овие два случаја, истрагата најави дека може да се спојат во една постапка. Исто така, обвинителството покрена постапка против поранешната украинска премиерка и претседателски кандидат во врска со потпишувањето на договорите за гас со Русија во 2009 г., според кој Тимошенко е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата предизвикувајќи штета за државата. Истрагите во сите три случаи се завршени, а на Тимошенко пред извесно време и беше доставено обвинението за третиот случај кое таа и нејзината одбрана сега го проучуваат. Таа уште еднаш изјави дека покренувањето на обвиненијата против неа се класичен политички реваншизам и обид за нејзино елиминирање од политиката во Украина. Претходно, прес-службата на украинската влада соопшти дека на 20-ти мај 2011 година, Окружниот суд на Орегон од сојузната држава Орегон во САД, донел одлука според која во државниот буџет на Украина треба да бидат вратени повеќе од 19 милиони долари незаконски потрошени од страна на владата на Тимошенко за набавка на лекови по надуени цени преку синџирот на посредници. На 23 мај тамошниот Апелационен суд ја потврди оваа одлука, отфрлајќи ги тврдењата на одбраната на Тимошенко. „Ќе потсетам дека случајот за измама во Министерството за здравство за време на епидемијата на грип, е завршен. Но, ако иследникот ги добие материјалите на американскиот суд во Орегон за ова прашање и за злоупотреба при набавката на амбулантните возила, случајот би можел да биде повторно отворен. А доколку има докази околу махинациите при набавката за вакцините, ќе биде покренато уште едно дело’, изјави пред украинските пратеници Ренат Кузмин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка и направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела, во Универзитетската болница Буловка во Прага 8, дошло до забуна кај лекарите околу две жени кои не биле од Прага, а тоа пак резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјани кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.