Контакт

Свет

Во Авганистан претепан до смрт американски турист

Објавено пред

Во Авганистан локални жители во саботата до смрт претепале американски турист кој патувал во провинцијата Панџшир, јавува пакистанската новинска агенција Пажвак повикувајќи се на претседателот на провинцискиот совет на народните претставници, Ата Мохамед Амири.

Во Авганистан локални жители во саботата до смрт претепале американски турист кој патувал во провинцијата Панџшир, јавува пакистанската новинска агенција Пажвак повикувајќи се на претседателот на провинцискиот совет на народните претставници, Ата Мохамед Амири. Според информациите што ги изнел , Ата Мохамед Амири, двајца американски туристи маж и жена, јавајќи на магариња се упатиле кон долината Мокни во округот Ханџ а со нив бил и авганистански водич. Во еден момент жената паднала од магарето и се струполила во бездна, по што авганистанскиот водич отишол да побара помош. Американецот кој бил зад нив, помислил дека Авганистанецот намерно сака да ја убие жената и стрелал во него при што го ранил. Но во тој момент локалните жители кои доаѓале на помош се нафрлиле со стапови врз Американецот и до смрт го претепале. За судбината на неговата сопатничка Амири не соопштил ништо. Според  началникот на провинциската полиција во Панџшир, генералот Касем Џангалбаг, поради убиството на странскиот турист биле уапсени пет лица./крај/рн/сн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Два воза се судрија во близина на Прага, повеќе од 60 повредени

Објавено пред

Повеќе од 60 лица се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз кај Прага.

Повредените биле пренесени во блиската болница, каде што биле згрижени.

Според првите информации, патничкиот воз налетал на воз за поштенски услуги што стоел на станицата Чески Брод, на 30 километри од Прага, пишуваат светските медиуми.

Поради несреќата, железничкиот сообраќај е во прекин на таа многу фреквентна линија.

Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек, веднаш отишол на местото на несреќата.

Информацијата дека е загинат еден од машиновозачите не е официјално потврдена.

Истрагата за причината за несреќата е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Објавено пред

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во Црна Гора беа испратени на анализа во Германија, Црна Гора стана земја со најмногу активни случаи по глава на жител во регионот, пишуваат црногорските медиуми.

Резултатите покажале дека 475 од тестовите се позитивни. Кога на нив ќе им се додадат 66 позитивни случаи потврдени во последните 24 часа во црногорските лаборатории се добива број од 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 жители.

Црногорските медиуми пренесуваат дека во Македонија активни се 167 случаи на 100.000 жители, во БиХ 109, Албанија 52, во Хрватска 28 и во Словенија 13. Во Србија активни се 66 случаи на 100.000 жители, но во оваа земја се пресметува бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирус.

Челникот на националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ, рекол дека, сепак, нема да дојде до драстични мерки, како оние од првиот бран, кога имаше полициски час.

Во првиот бран, во Црна Гора имаше 324 заболени или речиси пет пати помалку од вториот бран, кој почна кон средината на јуни. Претходно, Црна Гора се прогласи за прва „корона фри“ држава во Европа и прогласи крај на епидемијата по што ги отвори границите.

Во првиот бран починале девет, а во вториот бран 16 заболени од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ ќе испрати 200 медицински лица во Србија

Објавено пред

Српската Влада, делагацијата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) ќе потпишат договор за ангажирање на околу 200 здравствени работници.

Како што јавуваат српските медиуми, тие ќе помогнат во борбата со епидемијата на коронавирус.

Министерството за европски интеграции соопшти дека ангажирањето на здравствените работници ќе биде овозможено со средства на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион54 минути

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија2 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија3 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија3 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија10 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет12 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија17 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија18 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија18 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија20 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ22 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија22 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија23 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија1 ден

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа1 ден

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 ден

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија2 дена

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Досие