Свет
Над 3,5 илјади евакуиrани поради вулканска ерупција во Чиле
-Чилеански власти евакуираа повеќе од 3.500 луѓе во јужниот дел на Чиле, поради активноста на вулканскиот масив крај градот Кауље Кордон, пренесува Аssocaited press
Претходната броја што ја соопштија локалните власти изнесуваше 2,5 илјади луѓе коишто ги напуштиле своите домови поради вулканската активност. Засега нема информации за настрадани и повредени Според агенцијата, според првичните информации на чилеанските власти дошло до ерупција на вулканот Пијеуе, кој се наоѓа 800 километри јужно од главниот град во земјата на Сантијаго, во чилеанскиот дел од Андите. Меѓутоа, таа информација подоцна беше повлечена и дополнета дека станува збор за ерупција којашто се случила на околу четири километри од кратерот на овој вулкан. На површината на земјата е забележана пукнатината во должина од околу десет и ширина од пет километри.Според Аssocaited press, во саботата наутро во близина на вулканот биле почувствувани неколку помали потреси, но од неделата започнала ерупција. Националното биро за итни случаи на Чиле регистрирало подземна активност со просечно 230 земјотреси за еден час.Од кратерот се издига голем облак од чад и пепел. Пепелта од вулканот се издига над Андите, а потоа се спушта над областа на аргентинскиот град Сан Карлос де Барилоче од друга страна на планинскиот синџир. Поради ерупцијата во аргентинскиот град затворен е аеродромот. Локалните власти ги советуваат жителите на околните региони да преземат мерки на претпазливост против можното паѓање на вулканската пепел и препорачаа без итна потреба да не ги напуштаат своите домови и да направат резерви од храна и вода за пиење.Чиле се карактеризира со висока сеизмичка активност. Во 2010 февруари, на 11 километри од градот Консепсион главен административен град на централниот регион на земјата се случи земјотрес од 8,8 степени. Тоа предизвика бран цунами кој достигна височина од речиси три метра. Тогаш загинаа повеќе од 800 луѓе, 1.200 се водат за исчезнати, а оштетени беа 1,5 милиони објекти.Чиле се наоѓа во ткн Пацифичкиот „огнен појас“ – група од вулкани и тектонски плочи во должина од 40 илјади километри. Овој појас е опкружен со Тихиот Океан, минувајќи покрај брегот на Северна и на Јужна Америка до јужниот дел на Алјаска, а потоа се префрла во Јапонија, Филипини и Индонезија и завршува околу островите Нова Гвинеја, Нов Зеланд и југо-западна Океанија. Во овој „огнен прстен“ се наоѓаат најголемиот број од познатите вулкани во светот. Исто така, таму се регистрираат и 90 отсто од земјотресите на Земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите, откако Врховниот суд ги поништи царините што тој ги воведе минатата година за низа странски земји.
На конференцијата за новинари во Белата куќа, Трамп рече дека неговиот тим не предвидува поврат на средства и додаде дека верува оти случаите ќе завршат на суд во следните неколку години.
„Напишаа ужасна, погрешна одлука, скоро како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд наредните пет години“, рече Трамп.
Судот со шест гласа за и три против одлучи дека Трамп ги надминал своите овластувања кога го искористил Законот за вонредни федерални состојби од 1977 година (IEEPA) за воведување реципрочни глобални царини.
Американските увозници кои минатата година плаќале царини можеби ќе побараат поврат на средства од Агенцијата за царини и гранична заштита, што би можело да чини милијарди долари, иако дел од трошоците можеби веќе ги префрлиле на потрошувачите.
Трамп, исто така, предупреди дека земјите кои, според него, лошо постапувале кон САД ќе „платат цена за тоа“, додека оние кои биле „добри кон Америка“ ќе бидат „многу добро третирани“.
Без да даде конкретни докази, Трамп повтори дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд да ги укине царините.
„Мислам дека странските интереси ги претставуваат луѓе со големо влијание. Тие имаат големо влијание на Врховниот суд, дали преку страв, почит или пријателства, не знам. Но, ги познавам некои од луѓето од другата страна и не ми се допаѓаат. Мислам дека се вистински ѓаволи“, заклучи Трамп.
Свет
Трамп потпиша указ за нови царини од 10 проценти на глобално ниво
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека потпишал указ за воведување глобални царини од 10 проценти за сите земји, кои, како што наведе, ќе стапат во сила речиси веднаш. Одлуката доаѓа откако Врховниот суд на САД поништи дел од царините што тој ги воведе минатата година за голем број држави.
Тој остро ги критикуваше судиите кои гласаа за укинување на претходните мерки, оценувајќи дека нивната одлука била „погрешна“ и најави дека администрацијата ќе преземе дополнителни чекори за да обезбеди, како што рече, поголеми приходи од царините.
На прес-конференција во Белата куќа, Трамп најави дека новите мерки ќе бидат донесени согласно член 122, кој му овозможува на претседателот привремено да воведе дополнителни давачки на увоз во случај на сериозни нерамнотежи во платниот биланс.
Најави и покренување истраги и други механизми, со цел, како што посочи, заштита на американската економија од нефер трговски практики. Според Трамп, одлуката на Врховниот суд не ги укинува царините како инструмент, туку се однесува само на одредена правна основа за нивна примена.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

