Свет
Расмусен:НАТО нема да даде писмени гаранции на Русија
НАТО нема позитивно да одговори на барањето на Русија за писмени гаранции дека не е во опасност од американскиот проект за антиракетна заштита, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.
НАТО нема позитивно да одговори на барањето на Русија за писмени гаранции дека не е во опасност од американскиот проект за антиракетна заштита, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен. „Разговорот и политичките расправи се најдобар начин да се зајакне довербата, многу подобро од компликуваните правни решенија“, рече Расмусен, еден ден по состанокот НАТО-Русија во Брисел. Тој додаде дека би било тешко да се убедат 29 земји-членки на НАТО да потпишат еден таков документ. Според него, Русија и НАТО треба да имаат одвоени системи за антиракетна одбрана, но треба да формираат, како што рече, некој вид „синергија“. „Ние говориме за синергија меѓу НАТО и Русија. Причината е многу едноставна:НАТО не може обврските засновани на договорот меѓу своите членки да го довери на земјите што не се членки на Алијансата“, рече генералниот секретар на НАТО. Расмусен додаде дека НАТО верува оти треба да постојат два одвоени, но поврзани системи кои би разменувале информации, а тие би овозможувале да се одредат потенцијалните опасности. Русија и НАТО се договорија да ја продлабочат соработката на изградбата на европски противракетен штит на самитот Русија-НАТО во Лисабон, во ноември 2010. година. Русија, за разлика од НАТО, се залага за создавање на единствен систем. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

