Свет
Пилот заслепен со ласер при слетување во Русија
Пилотите на руски патнички авион “Боинг 735“, кој летал од Москва до Ростов на Дон, синоќа при слетувањето биле заслепени со ласер, но сепак успеале безбедно да го приземјат леталото.
Пилотите на руски патнички авион “Боинг 735“, кој летал од Москва до Ростов на Дон, синоќа при слетувањето биле заслепени со ласер, но сепак успеале безбедно да го приземјат леталото.Како што јавува Интерфакс, во авионот се наоѓале 97 патници, а повредени нема.Преставник на аеродромот соопштил дека ова е веќе втор случај на “ласерски напад“ од почетокот на месецот. Според него, ноќта меѓу 2-ри и 3-ти јуни заслепени биле членовите на екипажот на авионот “Ербас 320“, кој исто така слетал од Москва. Тогаш капетанот пријавил дека пилотите биле заслепени неколку минути од зелено светло.Претходно се претпоставуваше дека светлото доаѓа од ноќни клубови во градот, кои за подоцна да се утврди дека такви клубови во градот нема. Дополнително, во градот и околината неколку граѓани се пожалите дека се жртви на ласерски напад. /крај/блиц/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

