Свет
Пожарите во Русија оваа година предизвикуваат уште поголеми штети
Бранот пожари ширум Русија би можел оваа година да уништи милиони хектари шуми и да предизвика поголема штета отколку ланските катастрофални пожари.
Бранот пожари ширум Русија би можел оваа година да уништи милиони хектари шуми и да предизвика поголема штета отколку ланските катастрофални пожари. Активистите на организацијата Гринпис предупредија дека оваа година ситуацијата е уште полоша од минатата година кога во незапамтените пожари загинаа 55 луѓе, илјадници куќи изгореа, додека 2,6 милиони хектари шуми се уништени. Оваа година загинаа тројца пожарникари, а во повеќе десетици пожари уништени се повеќе од 600.000 хектари воглавно сибирски шуми, наведе Министерството за вонредни ситуации. Гринпис тврди дека руските власти ги кријат информациите за пожарите, особено за можното обновување на жариштата во околината на Москва кои минатата година ја прекрија руската престолнина со отровен чад. Властите за некои од пожарите во Сибир ги обвинуваат дрвокрадците, кои така се обидуваат да ги прикријат своите траги. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

