Свет
Најмалку 4 загинати и 20 ранети во напад во Авганистан

Најмалку четири лица загинале а уште 20 се ранети во експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец во провинцијата Хост во источен Авганистан, изјавил за РИА Новости началникот на провинциската полициска управа, Мохамад Јакуб Мандузај.
Најмалку четири лица загинале а уште 20 се ранети во експлозија предизвикана од бомбаш самоубиец во провинцијата Хост во источен Авганистан, изјавил за РИА Новости началникот на провинциската полициска управа, Мохамад Јакуб Мандузај.Според полицискиот началник, цел на терористот била командата на единиците за брза реакција на полицијата во Хост, во западниот дел од градот. Напаѓачот се разнесол на влезот во главниот објектот. Според првичните информации, во експлозијата загинал командантот на силите за брза реакција на авганситанскта полиција во Хост, полковникот Мохамад Захир.Во друг инцидент во јужниот дел од земјата, играјќи се со неексплодирана експлозивна направа тешко биле повредени девојчиња, јави авганистанската новинска агенција „Пажвак“ Според началникот на провицниската полициска управа во областа Шахџои, Абдул Малек Вахиди,инцидентот се случил во петокот навечер по локално време.Девојчињата пронашле неексплодирано полнење од мина кое потекнува од граѓанската војна во 1990-те, го однеле во нивниот дом и го ставиле во запалена печка. Девојчињата се хоспитализирани со сериозни повреди.Според статистиката, секој месец во Авганистан од заостанати недетонирани експлозивни направа и мини страдаат околу 100 лица. Најголемиот дел од авганистанските деца, особено кои живеат во руралните подрачја немаат играчки и си играат со она што ќе го најдат на улица, па оттаму и се најчестите жртви во вакви инциденти./крја/рн/пж/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.