Свет
Во Кина 600 луѓе отруени од олово
Повеќе од 600 луѓе вклучувајќи и 103 деца се отруени од олово во Кина.
Повеќе од 600 луѓе вклучувајќи и 103 деца се отруени од олово во Кина.
Жртви на труењето се вработени кои работат во 25 мали работилници за преработка на олово, како и нивните деца во источната провинција Џеџијанг.
Резултатите од тестовите покажале дека 26 возрасни и 103 деца имаа тежок случај на труење додека кај 494 станува збор за полесна форма на труење.
Кина во последните неколку години има сериозни проблеми со случаите со тешко труење со метали. Во последните две години илјада деца се погодени од оваа појава, бидејќи живеат во близината на топилниците и фабриките за метал кои не применуваат потребни еколошки мерки на заштита.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

