Свет
Путин и Медведев уживаат во моментите на среќа
Рускиот претседател Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин уживаа во заеднички разговор возејќи велосипеди во текот на неформалниот спортски ден на претседателската резиденција, недалеку од Москва.
Рускиот претседател Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин уживаа во заеднички разговор возејќи велосипеди во текот на неформалниот спортски ден на претседателската резиденција, недалеку од Москва.
Светските медиуми шпекулираат за можноста двајцата најмоќни луѓе да разговарале за тоа кој во следниот мандат ќе седне во фотелјата на Руската федерација.
Во Русија се смета за јавна тајна тоа што Путин по третпат сака да се кандидира за претседател. Тој засега одбива да разговара со новинарите на таа тема, но се верува дека во 2008 година само привремено му ја отстапи таа позиција на Медведев.Од друга страна во руските медиуми се појавија информации дека Медведев ќе се кандидира за втор мандат.
Меѓу светските дипломати врежано е мислењето дека Медведев и политички инфериорна фигура во однос на Путин. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.