Свет
Давутоглу: Турците повеќе не сакаат во ЕУ
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во интервју за германскиот неделник „Шпигл“, изјави дека влезот на Турција во Европската унија (ЕУ) го подржува само 30 отсто од населението, што преставува огромен пад во некогаш проевропски ориентираната нација.
Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во интервју за германскиот неделник „Шпигл“, изјави дека влезот на Турција во Европската унија (ЕУ) го подржува само 30 отсто од населението, што преставува огромен пад во некогаш проевропски ориентираната нација. Пред само 18 месеци, Давутоглу, тогаш во интервју за „Обзор“ изјави дека влезот на Турција во ЕУ го поддржуваат 60 проценти од Турците, но дека само 35 отсто верува дека земјата ќе стане членка на ЕУ бидејќи ја загубиле довербата во објективните проценки на механизмите на Унијата. Поради културните и верските предрасуди Турција има проблем да го изоди својот пат до ЕУ. Францускиот претседател Николас Саркози тврдеше дека Турција не припаѓа во Европа, а германската канцеларка Ангела Меркел понуди привилегирано место партнерство без полноправно членство. Меѓутоа во последните неколку години Турција израсна во 19-та светска економија, минатата година имаше раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 8,9%, за разлика од Германија, која од европските земји прва ја надмина економската криза, која имаше раст на БДП од 3,6%. Турскиот долг изнесува 41,2% од БДП, што е значително помалку од долгот на поголемиот број членки на ЕУ, додека невработеноста е во рамките на европскиот просек. крај/vecernji.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.