Свет
Рекордна излезност на референдумот во Италија
Жителите на Италија денеска продолжуваат да гласаат на референдумот за укинување на имунитетот на функционерите, за забрана на нуклеарната енергија и приватизација на дистрибуцијата на вода.
Жителите на Италија денеска продолжуваат да гласаат на референдумот за укинување на имунитетот на функционерите, за забрана на нуклеарната енергија и приватизација на дистрибуцијата на вода.Биралиштата се отворени изутрината во седум часот, а гласањето ќе трае до 20 часот. Вчера на првиот ден од референдумот, беше регистрирана рекордна излезност од 41,1 отсто.За успех на референдумот, треба да излезат најмалку 51 отсто од гласачите, што за последен пат во Италија се случило во 1995 година.Берлускони, против кого се водат три процеси, стави до знаење дека нема да гласа и дека викендот ќе го мине на море.Големата излезност и пораз на таборот на Берлускони може дополнително да ја ослабне владата, која веќе е разнишана по поразот на локалните избори во своето традиционално упориште Милано пред 15 дена. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

