Свет
Пентагон објавува документи по 40 години
По 40 години откако ткн Хартиите од Пентагон почнаа да се појавуваат во The New York Times, што во САД предизвика уставна криза околу прашањето на слободата на печатот, некогаш строго доверливите студии за војната во Виетнам ќе бидат во целост првпат објавени во понеделник
Како што пренесуваат американските медиуми, Претседателската библиотека на Линдон Б. Џонсон при универзитетот Таксас во Остин, ќе ги објави сите 7.000 страници од извештајот на Пентагон, но во нив ќе има само 11 зборови на кои до денес останаа тајна, пренесува магазинот Forbes на својата интернет страница.Овие документи кои претставува WikiLeaks на своето време, како што забележува магазинот, истовремено ќе бидат објавени и од претседателските библиотеки на Џон Ф. Кенеди во Бостон и на Ричард Никсон во Јорб Линд во Калифорнија, како и од Државниот архив во Колеџ Парк, предградие на Вашингтон во сојузната држава Мериленд.NY Times почнал да ги објавува овие документи на 13-ти јуни 1973 година, но сојузниот судија набрзо го спречи тоа. Во тоа време Washington Post и другите весници продолжиле да ги објавуваат документите. Врховниот суд на САД на крајот ја поништил одлуката на сојузниот судија, со тоа носејќи голема правна победа во полза на слободата на печатот.Документите покажуваат дека претседателите Кенеди, Џонсон и претходните администрации предизвикале ескалација на судирите во Виетнам, но тоа им го забошотувале на американскиот Конгрес, на јавноста и на сојузниците.Подготвено на крајот од претседателскиот мандат на Линдон Џонсон во соработка со министерството за одбрана и независните надворешнополитички аналитичари, известувањето го открил еден од нив – Даниел Елсберг, со ноќи фотокопирајќи страница по страница. Неговата активност на крајот резултирала со еден од најдраматичните епизоди на „потшепнување“ на доверливи документи во историјата на САД. Локалниот дневен весник Austin American-Statesman во своето неделно издание, за објавувањето на овие документи пишува дека до тоа доаѓа по 38 години откако претседателот Џонсон планирал да побара да ги објави неговиот наследник Ричард Никсон. Џонсон починал 10 дена подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.