Свет
Висината на цунами што ја погоди Јапонија на 11-март, над 40 метри
Височината на бранот цунами што го погоди североисточниот брег на јапонскиот остров Хоншу по катастрофалниот земјотрес од 11-ти март годинава, во некои области достигнала до 40,5 метри, пренесува јапонската телевизија NHK, повикувајќи се на тамошната Метеоролошка агенција
Во текот на изминатата три месеца по трагедијата, јапонските научници постојано го разгледуваа своите процени за можната височина на плимниот бран којшто ги разори крајбрежните области во неколку километри во внатрешноста на копното. Научниците од јапонската Метеоролошка агенција, како и од другите истражувачки институти и центри, секојдневно испитувајќи ги остатоците од зградите во погодените области вршеа нови премерувања, со што овозможија да се реконструира барем приближно стравичната слика од трагичните настани од 11-ти март.Врз основа на најновите откритија, научниците утврдиле дека височината на цунамито кој го погоди градот Мијако во најмногу погодената префектура Ивате, достигнал 40,5 метри. Височината на бранот што се урнал врз селото Нода во истата префектура имал височина од 37,8 метри, а висината на цунамито што го уништи градот Онагава во префектурата Мијаги изнесувала 34,7 метри. Земјотресот со магнитуда од 9.0 степени по Рихтер на 11 март ја погоди североисточна Јапонија, предизвикувајќи цунами со височина на места и повеќе од десетици метри. Според последните податоци официјално се забележани над 15.500 загианти и околу осум илјади лица се водат како исчезнати.Според Институтот за географија на Јапонија, цунамито поплави вкупна површина од 561 квадратни километри, што одговара на 90 отсто од 230е засебни реони кои го сочинуваат јадрото на престолнината Токио. Повеќе од половина од поплавените површина – 327 квадратни милји се во префектурата Мијаги. Предизвикано од катастрофалниот земјотрес цунамито во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Целосно уништени се 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти. Како резултат на афтер-шоковите оштетени се повеќе од 151 илјади згради.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метриРазорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населениетоСпоред сеизмолозите, повторени земјотреси со магнитуда од 5, степени по Рихтер и повеќе може да продолжи низ целиот остров Хоншу најмалку уште неколку месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Свет
(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток.
Тој рече дека дел од иранските функционери кои САД ги сметале за можни идни лидери на земјата загинале во заедничката американско-израелска кампања на бомбардирање.
„Повеќето луѓе што ги имавме на ум се мртви“, изјави Трамп на почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа. Тој додаде дека е можно новиот лидер на Иран да биде исто толку лош како врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен во напад минатата сабота.
Коментарите на Трамп доаѓаат во момент кога израелските сили заземаат нови подрачја во јужен Либан и наредија евакуација на најмалку 80 либански села.
Израелската војска соопшти дека мерката има за цел да ги заштити израелските погранични градови од ракетните напади на Хезболах, милиција поддржана од Иран. Во исто време, израелски борбени авиони извршија силни воздушни напади во близина на Бејрут и иранскиот главен град Техеран.
САД ги затворија своите амбасади во Саудиска Арабија и Кувајт откако беа погодени со дронови и ги повикаа американските државјани веднаш да напуштат 14 земји на Блискиот Исток.
Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека ирански дрон погодил област во близина на американскиот конзулат во Дубаи. Канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дрон е ставен под контрола и дека нема повредени.
Трамп изјави дека одлуката за воена операција била донесена за да се спречи можен напад од Иран.
„Преговаравме со тие луѓе, а моето мислење беше дека ќе нападнат први“, рече тој.
На прашањето дали Израел го притиснал да започне воена акција, Трамп одговори: „Ако ништо друго, можеби јас го поттикнав Израел“.
Американски официјални лица запознаени со разузнавачките податоци, сепак, велат дека Трамп ја преувеличил непосредноста на заканата од Иран.
Во официјалното известување испратено до Конгресот, Трамп наведе дека нападите врз Иран се изведуваат за заштита на САД, американските сили на Блискиот Исток и за одбрана на регионалните сојузници, меѓу кои и Израел.
Тој нагласи дека не постои временска рамка за завршување на воените операции.
„Иако САД се стремат кон брз и траен мир, во овој момент не е можно да се предвиди целосниот обем и траење на воените операции“, напиша Трамп во писмо до сенаторот Чарлс Е. Грасли, привремен претседател на Сенатот.
Од саботата, кога САД и Израел започнаа напад врз Иран, а Техеран возврати со стотици дронови и ракети, загинале повеќе од 800 луѓе, најмногу во Иран, но и на други места на Блискиот Исток.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos

