Свет
Кина го повикува Иран да се врати на преговорите

Кинескиот претседател Хју Џинтао го советуваше денеска својот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад дека шестостраните преговори се најдобар начин на Иран да му се гарантира правото на примена на нуклеарна енергија за мирнодопски цели.
Кинескиот претседател Хју Џинтао го советуваше денеска својот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад дека шестостраните преговори се најдобар начин на Иран да му се гарантира правото на примена на нуклеарна енергија за мирнодопски цели.Хју на денешната средба со Ахмадинеџад во Казахстан порача дека Иран треба да превземе важни чекори како би се воспоставила доверба и би се унапредил процесот на дијалог, јави агенцијата Ксинхуа.„Тоа не е само во интерес на иранската страна, туку и во интерес на мирот и стабилноста на Блискиот исток“, порача Хју.Кина минатата недела им се придружи на западните сили кои му порачаа на Иран дека неговото непочитување на резолуција на Обединетите нации ќе ја продлабочи загриженоста за можна воена димензија на неговата нуклеарна програма. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија ѝ испраќа на Украина дополнителни 2 милијарди евра и системи за воздушна одбрана

Германија ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителна одбранбена помош во износ од 1,98 милијарди евра, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Писториус нагласи дека Германија ќе продолжи и ќе ја прошири својата поддршка за Украина преку нови договори, при што новата помош ќе го надмине претходно споменатиот износ, објави украинскиот United24 Media.
Пакетот за поддршка ќе вклучува системи за воздушна одбрана, како што се ракети „Патриот“, радарски системи, прецизна артилерија, ракети и муниција.
Покрај тоа, Германија планира да испорача два дополнителни системи IRIS-T со голем број наведувани ракети, преносни противвоздушни системи, противтенковско оружје, модерна комуникациска опрема и лесно оружје.
Писториус, исто така, истакна дека Германија започнува проект за модернизација на оружјето испорачано досега во Украина со цел да се продолжи нивниот работен век и да се прилагоди на воените услови. Тој најави дека по состанокот ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу германската и украинската одбранбена индустрија.
Оваа најава доаѓа во време кога Европејците, поради неизвесноста околу американската поддршка, дополнително ја зголемуваат воената помош за Украина. Германија е втора земја во светот по вкупна воена и финансиска помош за земјата, заклучува United24 Media.
Фото: ЕПА
Свет
Зеленски му го одзеде државјанството на градоначалникот на Одеса, го става градот под воена власт

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт поради конфликт со градоначалникот, објави германската новинска агенција ДПА.
Зеленски вчера му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од една деценија, наведувајќи го фактот дека поседувал руски пасош.
Труханов го негира ова и има намера да поднесе тужба против неговата одлука и да остане градоначалник.
Сепак, губењето на државјанството автоматски го отстранува градскиот лидер од функцијата бидејќи на украинските функционери не им е дозволено да имаат двојно државјанство, а тој се соочува и со депортација.
„Премногу безбедносни прашања во Одеса се нерешени предолго“, рече вчера Зеленски, без да образложува повеќе.
Труханов, кој постојано ја обвинува Русија за бројни напади врз Одеса, е градоначалник на стратешки важниот пристанишен град со повеќе од еден милион жители од 2014 година. Минатата недела, Зеленски ги обвини локалните лидери на Одеса дека не прават доволно за да ги заштитат граѓаните од поплавите од минатиот месец, во кои загинаа 10 лица.
Разузнавачката служба на Украина (SBU) соопшти дека има докази дека Труханов поседува важечки руски пасош и објави фотокопија од него на Телеграм.
Со воспоставување воена администрација во Одеса, Зеленски ќе има подиректна контрола врз градот.
Фото: ЕПА
Свет
Шефот на НАТО: Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно

НАТО не треба да ги преценува руските способности, изјави генералниот секретар на воената алијанса, Марк Руте, обидувајќи се да ги смири загриженостите за хибридните активности на Москва насочени против алијансата.
„Да ѝ веруваме на нашата војска. Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно“, изјави Руте на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Коментарите на Руте доаѓаат во услови на растечки тензии меѓу НАТО и Москва, поттикнати од руските упади во воздушниот простор на сојузниците, како и ескалацијата на саботажните активности и кибернападите.
Руте нагласи дека земјите од НАТО се „25 пати поголеми од Русија“ во економска смисла. Зборувајќи за неодамнешните воздушни напади, генералниот секретар истакна дека е тешко да се утврди дали тие биле намерни или не.
„Толку сме посилни од Русите што не мора да ги соборуваме нивните авиони кога ќе влезат во нашиот воздушен простор“, рече тој.
Изјавата е во спротивност со растечката вознемиреност кај другите западни претставници, од кои некои повикаа на соборување на руски авиони ако ги преминат сојузничките граници. Во септември, полските сили соборија неколку руски беспилотни летала што влегоа на полска територија. Неколку дена подоцна, руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, но Букурешт одлучи да не го собори.
Три руски ловци МиГ-31, исто така, влегоа во естонскиот воздушен простор над Финскиот Залив 12 минути на 19 септември, што ја поттикна балтичката земја да започне консултации според Член 4 од договорот за НАТО. Покрај тоа, сомнителни беспилотни летала ги нарушија операциите на аеродромите во Германија, Норвешка и Данска во последните недели.
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, претходно изјави дека верува оти Русија е одговорна за многу неидентификувани беспилотни летала забележани над германска територија, повторувајќи ги загриженостите што ги споделија сојузниците на НАТО.
Фото: ЕПА