Контакт

Свет

Тајната на имотните листови на функционерите

Објавено пред

Функционерите во Македонија не сакаат да ги објават во јавност анкетните листови во кои тие, пред стапувањето на функција и откако ќе заминат од неа, имаат обврска да го декларираат својот имот.

dobivaj vesti na viber

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Избраните и именуваните функционери во Македонија веќе три години имаат законска обврска: откако ќе стапат на некоја функцијата, треба да го пријават својот имот, но фајде од тоа во борбата против корупцијат

Функционерите во Македонија не сакаат да ги објават во јавност анкетните листови во кои тие, пред стапувањето на функција и откако ќе заминат од неа, имаат обврска да го декларираат својот имот. Функционерите немаат законска обврска да ги објават анкетните листови, но, исто така, законот не им забранува, што значи дека ако сакат да бидат транспарентни пред јавноста, можат да го сторат тоа.

Од досегашната тригодишна пракса на пополнување анкетни листови, Комисијата за спречување на корупцијата има откриено само осум индикативни примери. Во случајот на овие функционери постои основано сомнение дека во листот не го пријавиле целиот имот со кој располагале. Нивните анкетни листови се доставени до Управата за јавни приходи за проверување на вистинитоста на индикациите. Ако се покажат оправдани сомневањата на Антикорупциската комисија, тогаш Управата треба да ги достави податоците до Јавното обвинителство, кое треба да отвори постапка за да ја утврди одговорноста на функционерите.

Меѓутоа, од Управата за јавни приходи не може да се добие податок да каде е стигната постапката за осумтемина функционери. “Ништо не можеме да ви кажеме”, изјавуваат од Управата. Се правдаат дека законот им забранува да дадат такви информации во јавност, бидејќи се сметале како службена тајна. И да имаме такви информации, нема да ги добиете од нас, туку од Антикорупциската комисија или од Јавното обвинителство, велат оттаму.

Професорот Владо Камбовски вели дека анкетните листови имаат превентивна функција за спречување на корупцијата кај носителите на јавните функции. “Анкетните листови не се за чување во фиока, туку тие треба да послужат како индикација за евентуална корупција кај функционерите”, смета професорот Камбовски. Тој тврди дека успешноста на акцијата за борбата против корупцијата не зависи од тоа дали анкетните листови ќе се објават или не, туку од ажурноста на надлежните да ги споредат изнесените податоци со реалната имотна состојба на функционерите. Но, професорот се согласува дека работата ќе биде упростена ако анкетните листови се објават јавно. “Ако е тоа светска пракса, зошто кај нас да не се следи тој тренд, јавното декларирање на имотот треба да се однесува само за дел од функционерите или за 200 до 300 луѓе кои се на поистурени позиции”, оценува тој.

Претседателот на Комисијата за спречување на корупцијата, Драган Малиновски, околу дилемата дали функционерите треба јавно да ја декларираат својата имотна состојба, вели дека тоа е индивидуално право на секој функционер и дека тоа зависи од нивната политичка волја. “Тоа е прашање на политички однос, проценка или желба на подносителот на анкетниот лист кон јавноста. Ако тој сака да го направи тоа, може да го направи, никој не му пречи”, вели Малиновски. Тој тврди дека обврска на Комисијата е да ги чува анкетните листови, бидејќи тие имаат својство на службена тајна, освен ако Комисијата не одлучи поинаку. “Ако во нашата работа доаѓаме до податоци кои го ставаат тоа лице во категоријата на лица кои извршиле можна злоупотреба, влегуваме во процедура на проверка, дефинираме дека има злоупотреба и покренуваме иницијатива за гонење и таа информација може да излезе во јавност”, објаснува Малиновски.

Тој не сака да навлезе во мотивите зошто функционерите не сакаат да ги објават листовите. “Не постои законска обврска за објавување на анкетните листови, но објавувањето е прашање на личен мотив. Некој сака да покаже дека е чесен, некој дека во иднина ќе биде чесен, друг за да го презентира минатото какво му е”, вели Малиновски.

За него, несомнено би било подобро ако во Законот за спречување на корупцијата постои одредба со која функционерите би морале јавно да ја декларираат имотната состојба. Таква пракса имало во нашето соседство, како што е Албанија, а во Романија функционерите ги објавуваат анкетните листови на веб-страница. “Таков модел е избран кај нас, а за евентуални измени треба да размислат пратениците. Објавувањето многу ќе ја олесни работата во делот на проверката, затоа што јас како граѓанин ако ме интересира што има некој од функционерите, ќе го погледнам неговиот анкетен лист и ќе видам дека тој пријавил еден имот, а знам дека неговата имотна состојба е друга и ќе алармирам и ќе укажам кај надлежните. Тој е многу поефикасен модел”, констатира Малиновски.

Според него, објавувањето на анкетните листови не би било потребно ако Комисијата има база на податоци и веднаш по добивањето на листот со уфрлање на даночниот број, да се прави споредба. Анкетниот лист, вели тој, како инструмент и како механизам во борбата против корупцијата е квалитетно средство и мора да се има предвид дека тој има и своја потреба и соодветно внимание. Таа пракса ја има и во останатите системи, а служи како декларација на имотот на избраниот или именуваниот функционер или одговорно лице, кое располага со државен капитал за да го декларира својот имот пред стапување на должност и при завршување на службата за да се направи некоја опсервација како се движела неговата имотна состојба.

Тој не се согласува дека необјавувањето ја девалвира смислата на пополнување анкетни листови. “Можеби до крај не ги задоволува потребите и очекувањата во нашата ситуација. Листот докрај ефикасно ќе ја исполни својата функција ако функционерот, кога го декларира имотот, знае дека може потенцијално да биде проверен во дадена ситуација. Тоа извршува некоја превентивна функција, смета Малиновски.

Тој се жали дека Комисијата има проблем да обезбедат информации, за што постојано се упатувани на Управата за јавни приходи. “Прашање е дали некогаш не се сака да се реагира во некоја ситуација, но, генерално, досега коректно сме соработувале”, вели Малиновски.

Во Антикорупциската комисија располагаат со 2.700 анкетни листови, но имаат проблем со нивната обработка. “Проблемот е познат: тоа е непостоење на еден ефикасен систем, централно следење на имотната состојба на граѓаните. Ние немаме можност со отчукување на матичниот број на граѓанинот да се добие слика на имотната состојба на даночниот обврзник”, смета тој. Ако има потреба за длабинско проверување на некој анкетен лист, Комисијата се обраќа во Управата за јавни приходи преку механизмите кои ги има таа. “Ова е замена во споредба со јавно објавување на анкетните листови”, констатира Малиновски.

Друг проблем на Антикорупциската комисија, кој го потенцира Малиновски, е лошата соработка со Јавното обвинителство. “Имаме проблем со следењето на нашите иницијативи, нема потребно ниво на соработка со јавниот обвинител. Сакаме да знаеме дали ни се квалитетни иницијативите, ако не оди, ако не оди брзо, да знаеме во која фаза. Така ќе имаме јасна претстава што со нашите иницијативи. Ќе инсистираме да имаме добра соработка во иднина, но досега нема смена на нивниот однос”, се жали Малиновски.

Тој тврди дека досега немаме ефикасна борба против корупцијата, не само поради корумпираното судство туку поради тоа што немаме конзистентен систем. Основниот начин кој може да доведе до превенција на корупцијата е ефикасно завршување на судските постапки. Корупцијата на судии не е поголема од другите сфери на живеењето. “Може да биде суперсудија, чесен, стручен, компетентен, меѓутоа објективните околности во некои процесни закони или поставеноста на судот претставуваат таква рана и пречка што едноставно не може ефикасно да заврши еден случај”, вели тој. Според него, во тој правец сме неправедни кон судиите, оти не се работи за корумпираност, туку за неефикасност на судството. Затоа се потребни измени на Законот за Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и за извршување. “Сето тоа ќе доведе до поголема ефикасност. Судот ќе се растовари со банални предмети кои го душат и не може да се фокусира на задачата”, вели тој. Досега судството било хендикепирано и од квалитетни доказни средства. Не може да се справите со корупцијата ако не можете да ги прибирате доказите преку софистицирани средства, ако немате заштита на сведоците. Затоа се најавени измени на одредбите од Законот за кривична постапка. “Ќе им биде многу полесно и на органите на прогонот и на обвинителното и на судовите кога ќе располагаат со квалитетни докази. Без тоа, не можете да се справите со организираниот криминал”, тврди Малиновски.

За таа цел, обврска за поднесување анкетен лист сега имаат и службените лица, бидејќи тие, во одредени ситуации, можат повеќе да ја злоупотребуваат позицијата од одговорното лице. “Како пример, цариникот има поголема можност во некоја ситуација да ја злоупотреби позицијата отколку директорот”, тврди Малиновски.

Кругот околу корупцијата, според Малиновски, се стега и со новите измени на Кривичниот законик, во кој е внесено ново кривично дело, прикривање на потеклото на несразмерно стекнат имот. Тоа значи дека ако некој дава лажни податоци во анкетниот лист, кога ќе се утврди дека ги надминува неговите легални пријавени приходи, тоа ќе биде основа за кривично дело. Потоа следува процената на имот, а редовните приходи не ги покриваат нив. Ако не може да се утврди изворот на приходите, тогаш имотот се оданочува со 70 отсто, а ако се утврди и делото преку кое нелегално го стекнал имотот, функционерот одговара и кривично.

Битна улога за поголема ефикасност во борбата против корупцијата и организираниот криминал има и едукацијата на судиите. “Само едуциран судија може квалитетно да го расправа такви предмети”, оценува Малиновски. Мора да ги јакнеме капацитетите на институциите и да создаваме ефикасен систем, вели тој.

Насер СЕЛМАНИ

***

“Сиромашниот кабинет” на Бранко од 1995 година

Во Македонија првпат имотната состојба пред јавноста ја презентираа министрите од владата на Бранко Црвенковски, која произлезе од парламентарните избори од 1994 година, по бојкотот на опозицијата. Иако немаа законска обврска да го објават имотот, тогашните министри на Црвенковски го сторија тоа самоволно со владина одлука, наводно за да ја уверат јавноста дека владината коалиција транспарентно ќе работи.

Познавачи на тогашните прилики велат дека тогашниот владин кабинет се решил на тој потег не заради транспарентноста, туку заради маркетиншки потреби пред локалните избори од 1996 година.

Имотот што министрите тогаш го декларираа во јавноста беше повеќе од скромен, па јавноста се мајтапеше со нив и коментираше дека не знаеле дека нивните највисоки државни функционери биле толку сиромашни. Анкетен лист во тоа време не поднесе само тогашниот прв дипломат Стево Црвенковски.

***

Владата на Бранко во 2002 година доби министер-милионер

Законска обврска за пријавување на имотната состојба на министрите и на останатите државни функционери им стана по стапување на сила на законот за спречување на корупцијата, донесен кон крајот на мандатот на владата на Љубчо Георгиевски.

Министрите од првиот владин кабинет на Бранко Црвенковски по изборите од 2002 година, иако немаа обврска да ги објават анкетните листови, тоа го сторија самоиницијативно. Тогаш вицепремиерката Радмила Шеќеринска изјави дека со тоа владата создава поинаква клима во државата за решавање на проблемот со корупцијата.

Милионер во тогашниот владин кабинет на Црвенковски беше само министерот за економија Илија Филиповски. Тој во анкетниот лист пријавил имот од над 1 милион евра, што семејни куќи, викендичка, дуќан, коли, акции и разни други побарувања.

Солидни имотни салда пријавија тогашниот министер за финансии Петар Гошев, првиот полицаец Хари Костов и ексминистерот за транспорт и врски Милаим Ајдини.

Скромен имот тогаш пријави премиерот Црвенковски, семеен стан од 61 квадратни метри, нешто заштеда и акции од неговата сопруга.

Имотен лист поднесе и тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, дотогашен премиер Љубчо Георгиевски, но забрани да се објавува во јавноста.

***

Владата чека притисок од јавноста

Владата на Македонија досега нема расправано за евентуална измена на Законот за антикорупција, со чии измени објавувањето на анкетните листови за поистурените функционери би прераснало во законска обврска. Портпаролот на владата Сашо Чолаковски не знае зошто владите на премиерот Хари Костов и на Владо Бучковски не го следеа примерот на нивниот претходник Црвенковски, јавно да ја презентираат имотната состојба.

Тој вели дека министрите немаат обврска да ги објавуваат анкетните листови, но дека ако има интерес од јавноста, тој е убеден дека нема да има проблем министрите да го сторат тоа. “Ако има медиумска акција за измени на Законот за антикорупција, јас сум сигурен дека Владата ќе ја поддржи таа акција”, тврди Чолаковски. Тој се согласува дека објавувањето на анкетните листови ќе придонесе за поефикасна борба против корупцијата, но нема одговор зошто ако тоа е така, досега не е направено тоа.

***

Пратеничка анемичност

Сите пратениците од македонското Собрание се едногласни за објавување на анкетните листови на функционерите, иако досега на никому од нив не му паднало на памет да предложи измени на Законот за антикорупција, со кои објавувањето на имотната состојба ќе биде задолжително, а не прашање на добра волја на функционерите.

“Не сме предложиле измени на Законот, но ако бидат покренати од нас, нема да биде проблем да ги поддржиме”, вели Андреј Жерновски, координатор на пратеничката група на ЛДП. “Тој што крие нешто, значи дека не е чист”, вели Жерновски.

Немаме став за тоа прашање, не сме расправале, велат пратеници од СДСМ и тврдат дека тие стриктно го почитуваат законот во делот на поднесување анкетни листови. Иако немавме обврска на почетокот на мандатот на Собранието, пратениците од СДСМ ги објавија анкетни листови, вели пратеник од СДСМ, кој инсистира на анонимност. Според нив, борбата против корупцијата не зависи од објавувањето на анкетните листови, туку од квалитетот на работата на Антикорупциската комисија. Ако имало проблем со спроведување на законот, Антикорупциската комисија требало да не извести за да може парламентот да реагира, вели пратеникот од СДСМ.

“Имавме многу други проблеми во партијата и во Собранието”, вели пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, оправдувајќи се зошто како опозициска партија не предложиле измени на Законот за антикорупција со кој освен што функционерите треба да поднесат анкетни листови кога ќе ја преземат и ќе ја напуштат функцијата, туку и да имаат обврска да ги објават. Ако има таков предлог, ние ќе го поддржиме, вели Бонева.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Див дабар виден во Велика Британија за првпат по 400 години

Објавено пред

Во природниот резерват Пенсторп, Норфолк, за првпат по повеќе од 400 години е забележан див дабар. Животното е снимено на камера додека собира дрвја за своето живеалиште покрај речен брег, оставајќи ги експертите збунети за неговото потекло.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот на резерватот, Ричард Споуџ, рече дека дабарот престојува во изолиран дел од резерватот околу еден месец и можеби патува кон соседните мочуришта во потрага по храна. Првите знаци за присуство биле карактеристични траги на дрвја, по што биле поставени камери.

Реинтродукцијата на дабарите во Англија започна во 2015 година, а диви популации се забележани и во Дорсет, Кент, Хемпшир, Сомерсет и Шкотска.

Потеклото на дабарот од Пенсторп останува мистерија.

„Од наша гледна точка, тоа е диво животно и има право да биде тука“, заклучи Споуџ.

Прикажи повеќе...

Свет

Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Објавено пред

Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.

dobivaj vesti na viber

Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.

Двете главни нерешени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено на иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола.

„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.

Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица

Објавено пред

Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.

dobivaj vesti na viber

Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.

Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија6 часа

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ9 часа

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет9 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет10 часа

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет22 часа

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија1 ден

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија1 ден

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија1 ден

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија1 ден

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија2 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија2 дена

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...

Македонија2 дена

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на...

Македонија2 дена

Поранешните премиери се скараа на „Фејсбук“: Груевски вели дека Заев е дволичен, тој му одговори дека треба да си најде хоби, а не да пишува епопеи од бегство

Поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев со обвинувања преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Груевски го нарече Заев дволичен, а тој...

Македонија2 дена

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење...

Македонија2 дена

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита...

Македонија2 дена

Кривична против директорка на средно училиште во Делчево: набавила фалсификуван тест за познавање аглиски јазик од Бугарија

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи...

Македонија2 дена

(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши,...