Свет
Триполи предлага формирање мисија за разоружување во Либија
Официјален Триполи се залага за заедничка мисија со Африканската унија и Обединетите нации (ОН), којашто би го надгледувала предавањето на оружјето на завојуваните страни во Либија, изјави за новинарите во либиската престолнина специјалниот пратеник на рускиот претседател за Африка, Михаил Маргелов.
Официјален Триполи се залага за заедничка мисија со Африканската унија и Обединетите нации (ОН), којашто би го надгледувала предавањето на оружјето на завојуваните страни во Либија, изјави за новинарите во либиската престолнина специјалниот пратеник на рускиот претседател за Африка, Михаил Маргелов.„Министерот за надворешни работи на Либија рече дека по почетокот на внатрелибискиот дијалог, кој како што смета може да се одржи на неутрален територија, на пример на Малта, во Каиро или Тунис, Либијците може да формираат заедничка мисија со Африканската унија-и ОН, којашто би го надгледувала предавањето на оружјето од завојуваните страни, а исто така и би го следела политичкиот дијалог во земјата. Контролата над безбедноста, според министерот, на целата територија на државата треба да ја спроведува цивилната полиција“, изјави Маргелов пред новинарите во Триполи, по разговорите со министерот за надворешни работи на Либија. Специјалниот пратеник на рускиот претседател Дмитриј Медведев, исто така, рече дека министерот за надворешни работи на Либија, Абделати ал Обеиди му рекол оти либиското раководство апелира за итен прекин на огнот по што може да отпочне широк дијалог за иднината на земјата, за носење нов устав и спроведување избори. „Се совпаѓаме во проценките за важноста и ефективноста на напорите од страна на Африканската унија. Министерот ми кажа дека напорите што ги вложува Африканската унија до денес -.се приоритетните напори што треба да ги преземе меѓународната заедница кон Либија“, додаде Маргелов.Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ во четвртокот објави интервју со синот на либискиот водач Моамер ел-Гадафи, Саиф ал-Ислам, во кое тој изјави дека неговиот татко би се согласил со меѓународно надгледувани избори под услов тие да бидат фер и без лажирање. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

