Контакт

Свет

Ослободителна пресуда во недостиг на докази

Објавено пред

По шестмесечен судски процес, судот пресуди за „случајот Раштански Лозја“. Одлуката предизвика еуфорија во судницата

dobivaj vesti na viber

По шестмесечен судски процес, судот пресуди за „случајот Раштански Лозја“. Одлуката предизвика еуфорија во судницата

Четворицата обвинети во “случајот Раштански Лозја” вчера беа ослободени од обвинението поради тоа што Јавното обвинителство не презентира цврсти докази за нивна вина. Ова е одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 2, со кој претседаваше судијката Славица Попчевска. Со тоа, Александар Цветков, Горан Стојков, Митко Кикереков и Бобан Утковски се пуштаат на слобода по едногодишниот притвор, во кој беа поради сомневање дека извршиле убиство со умисла на седум странски државјани на 2 март 2002 година, во месноста Раштански Лозја крај Скопје. Ваквиот епилог на шестмесечниот судски процес предизвика бура од реакции не само во судската сала туку на политичките партии, здруженија, поединци и организации. Ослободителната пресуда внесе вистинска еуфорија во преполната голема сала на Основниот суд Скопје 2

ГОРАН АДАМОВСКИ

Четворицата обвинети во “случајот Раштански Лозјааи вчера беа ослободени од обвинението поради тоа што Јавното обвинителство не презентира цврсти докази за нивна вина. Ова е одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 2, со кој претседаваше судијката Славица Попчевска. Со тоа, Александар Цветков, Горан Стојков, Митко Кикереков и Бобан Утковски се пуштаат на слобода по едногодишниот притвор, во кој беа поради сомневање дека извршиле убиство со умисла на седум странски државјани на 2 март 2002 година, во месноста Раштански Лозја крај Скопје.

Ваквиот епилог на шестмесечниот судски процес предизвика бура од реакции не само во судската сала туку на политичките партии, здруженија, поединци и организации. Ослободителната пресуда внесе вистинска еуфорија во преполната голема сала на Основниот суд Скопје 2. Роднините, пријателите и приврзаниците на обвинетите со солзи радосници и со скандирање “Македонија, Македонијааи ја пречекаа одлуката, а еден од нив за момент ја изгуби свеста и се струполи на подот.

Огромната еуфорија ја натера судијката Попчевска да бара испразнување на салата за да може на обвинетите да им ги предаде решенијата за пуштање од затворот. Генералот Горан Стојков ги замоли присутните да ја напуштат салата. Потоа, еуфоријата се пресели во ходниците од судот. Судијката инсистираше присутните да излезат надвор од зградата, па Стојков повторно беше во улога на медијатор.

Пред зградата на судот во еуфорична атмосфера неколку стотици приврзаници на обвинетите бранители ја чекаа одлуката на судот. Кога им беше соопштена, настана вистински урнебес. Развиорени македонски знамиња и скандирања беше декорот на блокираната улица. Се скандираа имињата на сите четворица ослободени, а не се заборавија ниту обвинетите пред Хашкиот трибунал, Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. По извесно време, насобраната толпа си замина задоволна во славеничка атмосфера. Дел од нив отидоа во Истражниот затвор “Скопјееи, каде што требаше да бидат ослободени нивните херои.

Инаку, почетокот на денот помина во сосема поинаква атмосфера. Уште од осум часот наутро, големи полициски сили ја обезбедуваа зградата на судот. Стотици полицајци во униформа и во цивилка беа во зградата на судот и околу неа. Сето тоа надополнето со постојаните закани за поставени бомби во судот создаваше мачна атмосфера. Поради анонимките, двата суда решија своите обврски да ги префрлат за идната седмица. Влегувањето во судот беше проследено со куп контроли, што ги изреволтира приврзаниците на обвинетите, па малку недостигаше да дојде до инцидент. Салата беше преполна. Огромен број луѓе, вклучувајќи ги и новинарите, стоеја на крајот од салата. Се пееја патриотски песни и се повикуваше името Господово.

Во моментот кога во салата влегоа обвинетите, следуваше голем аплауз, проследен со скандирање “Слобода, слободааи. На ова, првообвинетиот Александар Цветков рече: †Народе македонски, сме ве бранеле и ќе ве бранимееи, што дополнително ја загреа атмосферата. Потоа, во салата влезе Кривичниот совет и додека се читаше пресудата, владееше апсолутна тишина. Тогаш судијката Попчевска ги прочита ослободителните пресуди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.

dobivaj vesti na viber

„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.

Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.

„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.

„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.

Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп

Објавено пред

Од

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.

dobivaj vesti na viber

Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.

„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.

Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.

На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.

„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.

Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.

Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна

Објавено пред

Од

Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.

dobivaj vesti na viber

НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.

Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.

Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.

Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион11 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија12 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет13 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет14 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа14 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...