Контакт

Свет

Подигнат камп за бегалци од Сирија на северот на Ирак

Објавено пред

Камп наменет за потенцијалните бегалци од Сирија, е подигнат во северната ирачка провинција Наинава, пренесува ирачката телевизија „Ал-Салам“, повикувајќи се на генералниот директор на ирачката Црвена полумесечина во оваа провинција, Фалах Аијуб Хусеин.

dobivaj vesti na viber

Кампот има капацитет да прими четири илјади бегалци и како што вели Фалах Аијуб Хусеин, тој е изграден со одобрување на централните ирачки власти во регионот Рабија во близина на ирачко-сириската граница. Во моментов во бегалската населба се згрижени само шест сириски семејства. Според Хусеин, причина за изградбата бегалскиот камп се „бурните настани кои во моментов се одвиваат во Сирија“Бунтот во Сирија започна пред три месеца во јужниот град Дера’а. Немирите подоцна се проширија низ другите делови на земјата. Последните две седмици армијата на Сирија презема операции да ја врати контролата врз провинцијата Идлиб што граничи со Турција, во која поголем број области беа преземени под контрола на вооружени групи. Тоа предизвика бран од неколку илјади бегалци, од кои многу се наоѓаат на турска територија. Во турската покраина Хатиа, според податоци на турската Црвена полумесечина, се згрижени околу седум илјади сириски државјани кои бегаат пред насилствата и репресиите на тамошните безбедносни сили. За време на немирите во Сирија во судирите со безбедносните сили, според организациите за заштита на човековите права, биле убиени околу 1.300 луѓе. Спротивно на тоа, сириските власти за крвавите безредија ги обвинуваат „вооружените терористички елементи“, кои наводно се уфрлени во земјата однадвор, а во судирите со нив загинале повеќе од 340 припадници на воените и на безбедносните сили.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Објавено пред

Безбедноста на речиси милијарда луѓе ширум Европа и Северна Америка е загрозена поради руските обиди да таргетира ранлива подводна инфраструктура, вклучувајќи ветерници, цевководи и енергетски кабли, предупреди командант на НАТО, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Адмирал Дидие Малетер, заменик командант на Сојузничката поморска команда на НАТО (Марком), рече дека мрежата на подводни кабли и цевки од која зависи европската моќ и комуникациите не се изградени за да ја издржат „хибридната војна“ што ја води Москва.

„Целата наша економија под морето е загрозена. Ние не сме наивни и земјите од НАТО работат заедно“, рече тој.

Тој го изјави ова по два случаи на сомнителна саботажа на гасоводот на Балтикот во последните 18 месеци. Прво на Северен тек 1 и 2 во септември 2022 година, а потоа на Балтикконекторот во октомври минатата година. И покрај опсежните истраги во повеќе држави, и двете остануваат нерешени, иако Финска во декември рече дека „сè укажува“ дека кинескиот брод намерно го оштетил Балтикконекторот со своето сидро.

Малетер рече дека тој самиот поминал „повеќе од илјада дена под морето“, дека животната средина е драматично променета откако голем дел од сегашната инфраструктура првпат беше развиена од приватниот сектор, оставајќи го крајно ранлив.

„Тие не знаеја дека таквата хибридна војна ќе се развие толку брзо. Повеќе од 90 отсто од интернетот е под морето. Сите наши врски меѓу САД, Канада и Европа се пренесуваат под морето, така што има многу ранливости“.

И покрај зголемената улога на офшор енергијата на ветерот во исполнувањето на климатските цели, инфраструктурата сè уште има „системски ранливости“, рече тој. Поморските ветерни електрани ќе мора да се зголемат за 25 отсто до 2050 година за да ги исполнат целите на ЕУ за капацитет за енергија од ветер, според индустриското здружение WindEurope, додека администрацијата на Бајден сака да распореди 30.000 мегавати  долж брегот на САД до 2030 година.

„Мораме да бидеме заштитени и добро снабдени со нашата витална подморска инфраструктура“, рече Малтере.

Сепак, дури и со значително присуство, беше невозможно НАТО да го заштити секој дел од подводната инфраструктура, рече тој, а примарната одговорност е на нациите да ја заштитат сопствената инфраструктура. Способноста да се идентификуваат актерите зад хибридните напади е од витално значење, рече Малетер, но призна дека тоа може да биде предизвик.

Додавањето на Финска во флотата на НАТО минатата година, а од неодамна и Шведска, која стана полноправна членка на НАТО во март, се смета за особено важно за заштита на Балтикот и Арктикот. Искуството на Шведска во двата региона „веднаш ќе ја зголеми способноста на НАТО да открие и одвраќа каква било регионална агресија“.

„А кога зборуваме за агресија, очигледно мислиме на Русија“, додаде Малетер.

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Објавено пред

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Бродот беше пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот. Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Прикажи повеќе...

Регион

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага. .

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија45 минути

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион1 час

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...