Свет
Јужна Кореја нема да ги казни маринците што пукаа на цивилен авион
Јужна Кореја соопшти дека нема да ги казни двајцата маринци кои пукаа на цивилен авион за кој мислеле дека е севернокорејско летало, јавува Асошиејтед прес.
Јужна Кореја соопшти дека нема да ги казни двајцата маринци кои пукаа на цивилен авион за кој мислеле дека е севернокорејско летало, јавува Асошиејтед прес. Портпаролот на морнарицата рече дека маринците постапиле во согласност со правилата добиени за време на обуката, кога отвориле оган на авионот на „Азијан Ерлајнс“ во кој имало 119 патници од кинескиот град Ченгду. На авионот не е причинета никаква штета, а нема ниту повредени меѓу патниците и екипажот, кои воопшто и не знаеле дека било пукано на нив. Портпаролот не ја образложи одлуката на корејските власти. Северна Кореја на почетокот на месецот најави дека ќе им врати на Јужњаците поради употребата на фотографии на семејството на Ким Јонг Ил во вежбите на гаѓање. /крај/ап/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

