Свет
Масовни протести во поголемите градови во Шпанија
Масовни протести се одржаа денеска во неколку големи градови во Шпанија, на кои учесниците бараа намалување на невработеноста, подобрување на економската ситуација и оставка на некои политичари, јавува Асошиетед прес.
Масовни протести се одржаа денеска во неколку големи градови во Шпанија, на кои учесниците бараа намалување на невработеноста, подобрување на економската ситуација и оставка на некои политичари, јавува Асошиетед прес.Масовни протести на кои учесниците се главно млади луѓе (невработеноста меѓу Шпанците меѓу 16 и 29-годишна возраст изнесува речиси 35 отсто), се одржуваат од 15-ти мај. Илјадници луѓе поставуваат кампови од шатори на централните плоштади на шпанските градови. Тие истакнаа три главни барања: отворање работни места, решавање на проблемот со станбениот простор и реформа на изборниот закон.На демонстрациите во неделата земаа масовно учество и невработени и вработени од речиси сите возрасни групи. Најмасовни беа протестите во главниот град Мадрид и во Барселона, Валенсија, Севиља и другите големи градови.По петокот кога шпанската полиција ги растера демонстрантите во Барселона, најмалку 14 луѓе беа повредени. Додека во неделата полицијата не интервенирала на ниеден од протестите. Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро изјави дека протестите треба да бидат мирни.„Еден од принципите на демократијата е мирното остварување на своите права“, рече Запатеро во пресрет на протестите.За речиси две години економска рецесија, невработеноста во Шпанија е двојно зголемена и достигна 21,3 проценти, што е најлош показател меѓу земјите на еврозоната./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Капсула со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.
🛰A U.S. Crew Dragon spacecraft undocked from the International Space Station and splashed down off the California coast.
The crew included Roscosmos cosmonaut Oleg Platonov, NASA astronauts Zena Cardman and Mike Fincke, and JAXA astronaut Kimiya Yui, who spent 165 days aboard… pic.twitter.com/uN1HY1NHp5
— News.Az (@news_az) January 15, 2026
Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.
#ULTIMAHORA El lugar de amerizaje de la Crew-11 se encuentra frente a la costa de California. Aquí hay un mapa que indica dónde será más visible el reingreso de la nave Dragon. Se puede observar desde San Francisco entrando a la admosfera terrestre 🛰️ pic.twitter.com/9Qo9f1M4U3
— Revista RDM Los qué todos leen 🇲🇽🇺🇸🇨🇦 (@RdmRevista) January 15, 2026
Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.
Свет
Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.
Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.
„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.
Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.
Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.
Фото: ЕПА
Свет
Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без струја, греење и вода при температури под нулата. Откако руските напади пред пет дена ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град, големи делови од Киев се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Киев Индепендент“.
Зеленски најави дека во Киев ќе биде формирана работна група која 24 часа дневно ќе го координира одговорот на кризата, додавајќи дека напорите за поддршка на граѓаните и заедниците во рамки на вонредните мерки ги предводи новоименуваниот министер за енергетика Денис Шмигал.
„Последиците од руските напади и влошувањето на временските услови се тешки“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.
Портпарол на најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК изјави дека сериозноста на ситуацијата во Киев и низ цела Украина бара координација без преседан меѓу властите и снабдувачите со енергија.
Владата ќе ги засили напорите со странските партнери за да обезбеди критична енергетска опрема, да го зголеми увозот на електрична енергија и да обезбеди дополнителна поддршка. Истовремено, ќе се поедностават правилата за приклучување резервна енергетска опрема на мрежата за време на вонредната состојба.
Се очекува Министерството за образование и локалните власти да достават предлози до владата за форматот на похаѓање на наставата за децата за време на вонредната состојба.
Фото: Depositphotos

